Причини за предвремено породување

Основните причини зошто се појавува предвремено породување не се сеуште доволно прецизно дефинирани, но шансите да се породите пред време се поголеми ако:

  • Веќе имате едно предвремено родено бебе
  • Имате чести инфекции на уринарен тракт
  • Крварите вагинално
  • Воденикот ви прсне пред 37 гестациска недела
  • Имате вродени аномалии на матката
  • Имате поголема количина на плодова вода
  • Сте имале хируршки интервенции (операции) на грлото на матката
  • Повеќеплодова бременост (близнаци, тројки)
  • Нередовно контролирана бременост

Дополнително внимавајте ако:

  • Пушите цигари
  • Користите опојни дроги
  • Имате знаци за потхранетост 
  • Помлади сте од 20 години
  • Постари сте од 40 години

Штом побарате помош во здравствена установа, заради сомневање за предвремени контракции, вашиот лекар треба да направи:

  • кардиотокографски запис (CTG) со цел да ја мониторира срцевата работа на плодот и да ги забележи евентуалните контракции
  • ултразвучен преглед, трансабдоминален и трансвагинален
  • вагинален преглед со цел да се провери цервикалната дилатација и состојбата со воденикот

По комплетирање на прегледот вашиот лекар може да ви препорача:

  • Понатамошен нормален тек на бременоста, со утврдени следни контроли
  • Мирување во домашни услови, терапија и почести контроли
  • Хоспитализација и болнички третман
Categories: Uncategorized