Основните причини зошто се појавува предвремено породување не се сеуште доволно прецизно дефинирани, но шансите да се породите пред време се поголеми ако:
- Веќе имате едно предвремено родено бебе
- Имате чести инфекции на уринарен тракт
- Крварите вагинално
- Воденикот ви прсне пред 37 гестациска недела
- Имате вродени аномалии на матката
- Имате поголема количина на плодова вода
- Сте имале хируршки интервенции (операции) на грлото на матката
- Повеќеплодова бременост (близнаци, тројки)
- Нередовно контролирана бременост
Дополнително внимавајте ако:
- Пушите цигари
- Користите опојни дроги
- Имате знаци за потхранетост
- Помлади сте од 20 години
- Постари сте од 40 години
Штом побарате помош во здравствена установа, заради сомневање за предвремени контракции, вашиот лекар треба да направи:
- кардиотокографски запис (CTG) со цел да ја мониторира срцевата работа на плодот и да ги забележи евентуалните контракции
- ултразвучен преглед, трансабдоминален и трансвагинален
- вагинален преглед со цел да се провери цервикалната дилатација и состојбата со воденикот
По комплетирање на прегледот вашиот лекар може да ви препорача:
- Понатамошен нормален тек на бременоста, со утврдени следни контроли
- Мирување во домашни услови, терапија и почести контроли
- Хоспитализација и болнички третман