Онкофертилитет во модерното време, 17 март 2023

Почитувани,

Со огромно задоволство сакаме да Ве известиме дека регионалните соработки на различни теми со здруженијата на гинеколози и опстетричари и медицинските факултети продолжуваат и понатаму. По успешно организираниот настан од областа на перинаталната медицина „Скрининг на фетални абнормалности во прв и втор триместар“, во продолжение ќе биде организиран сличен таков настан со нашите колеги, членови на здружението за гинеколози и опстетричари од Република Србија -UGOS, на тема актуелна во денешницата – oнкофертилитет.

На нивна иницијатива, а со поддркша од Медицинскиот Факултет Скопје, Асоцијација за Фетална медицина – МФМ, Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО и Македонско лекарско друштво – МЛД на ден 17 март 2023 (петок) со почеток од 08:30 ч. во амфитеатарот на Медицински факултет Скопје ќе се одржи симпозиум со наслов „Онкофертилитет во модерното време“, на кој ќе земат учество реномирани српски и македонски предавачи.

Овој симпозиум е акредитиран од Лекарска комора за кој следуваат бодови за КМЕ.

ЛИНК ЗА ОНЛАЈН УЧЕСНИЦИ НА СИМПОЗИУМОТ

ЛИНК ДО УПЛАТА НА КМЕ ЗА СЕРТИФИКАТ


АГЕНДА

Локација: Деканат на медицински факултет – Скопје
08:00 – 08:40 Регистрација
Поздравно обраќање:
08:40 – 08:50 – Доц. Др. Сци Викторија Јовановска,

08:50 – 09:00 – Проф. Др. Горан Димитров

I СЕСИЈА:
Модератори: Проф. Др. Владимир Пажин, Проф. др Глигор Тофоски

09:00-09:20 Онкофертилитет во модерно време гинеколошка онкологија – преглед – Проф. Др. Владимир Пажин
09:20-09:40 Карциноми и бременост – епидемиологија – Доц. Др. Иво Ќаев
09:40-10:00 Можности за зачувување на неплодноста од аспект на современа асистирана репродукција – Доц. Др. Стеван Милатовиќ
10:00-10:20 Влијание на АРТ во појава на гинеколошки карциноми – Проф. Др. Глигор Тофоски

10:20-11:00: Дискусија
11:00-11:15 КАФЕ ПАУЗА

II СЕСИЈА
Модератори: Проф. Др. Аљоша Мандиќ, Проф. Др. Горан Димитров

11:15-11:45 Онкофертилитет и рак на грлото на матката, Проф. Др. Аљоша Мaндиќ
11:45-12:15 Онкофертилитет и ендометријален карцином, Асс. Др. Лазар Нејковиќ, Србија
12:15-12:45 Онкофертилитет и рак на јајниците и неепителни тумори, Проф. Др. Владимир Пажин
12:45-13:15 Онкофертилитет и гранични тумори на јајниците, – Проф. Др. Горан Димитров,
13:15-13:30 Дискусија
13:30-14:30 РУЧЕК

III СЕСИЈА
Модератори: Проф. Др. Ана Данева Маркова, Проф. Др. Јадранка Георгиевска

14:30-14:50 Гестациски трофобластични заболувања – современи упатства – Проф. Др. Јадранка Георгиевска
14:50-15:10 ХПВ инфекција и бременост – Доц. Др. Елена Џикова
15:10-15:30 ХПВ инфекција како причина за неплодност – Доц. Др. Ирена Алексиоска Папестиев
15:30-15:50 Рак на грлото на матката во бременост – Прим. Др. Игор Пљеша
15:50-16:10 Управување со бременост по онколошки третман – Доц. Др. Миле Тантуровски
16:10- 16:20 Приказ на случај – Проф. Др. Ана Данева Маркова
16:20 – 16:30 Дискусија
16:30-17:00 Тркалезна МАСА – можности/проблеми за онкофертилитет во Северна Македонија – Предлози и заклучоци
17:00-17:30 Заклучоци