Mарт – месец за подигнување на свеста за симптомите од ендометриоза

Ендометриоза – присуство на ткиво слично на ендометриумот (ткиво кое ја обложува внатрешноста на матката) надвор од матката, ја доби репутација како можеби најзбунувачкиот ентитет во гинекологијата.

Повеќето луѓе, како забава уживаат во сложувалка, рубикова коцка, роман или филм преплетен со мистерии. Но, загатките од реалниот живот и не се толку забавни! И, додека некои жени и девојки немаат никакви симптоми или ги сметаат симптомите како “обична менструална болка”, други чувствуваат силна карлична болка која значително го намалува квалитет на нивниот живот, и ја ограничува нивната нормална секојдневна активност, нивниот социјалниот живот, образованието и работата, сексуална активност, и нивното менталното здравје и емоционалната благосостојба.

Точната преваленца на ендометриозата е непозната, но се проценува дека од 2 до 10 % од општата женска популација, или моментално најмалку 190 милиони жени и девојки во репропродуктивна возраст кои се погодени од ендометриоза имаат потреба да се реши оваа загатка.

Ендометриозата предизвикува хронична воспалителна реакција што резултира со болка и прираслици, и не ги погодува само жените со ендометриоза, туки и нивните партнери и семејства, а има влијание и врз општествотот воопшто – трошоците за дијагноза и третман се споредуваат со оние на други хронични болести како што се дијабетот тип 2, ревматскиот артрит и Кроновата болест.

Месец март, е месец за подигнување на свеста за симптомите од ендометриозата со цел рана дијагноза бидејќи сеуште постои голема дијагностичка празнина помеѓу почетокот на симптомите и поставувањето на сигурна дијагноза. Во просек помеѓу 8 до 12 години.

Одложената дијагноза често е резултат на тоа што не се бара помош порано, и што се нормализира хроничната менструална болка. Жените, а особено помладите девојките се условени да трпат менструални болки во тишина. Силната болка никогаш не треба да се игнорира.

Ендометриозата е хормонски зависна, и следствено, симптомите може да бидат полоши во одредени периоди од менструалниот циклус, особено непосредно пред и за време на менструалните крварења.

Ендометриозата, влијае и на плодноста и создава загриженоста за можна неплодност на пациентките – дури 30 до 50% од жени кои се борат со неплодност имаат ендометриоза.

Во изминативе дваесет и пет години се објавени над 4.500 статии за ендометриза, но здравствените работници се уште не се сигурни што точно ја предизвикува. Најверојатно е резултат од комбинација на повеќе фактори, што ја отежнува нејзината превенција.

Ендометриозата често се влошува доколку не се лекува, а терапевтските опции се движат од подобрување на симптомите на хронична болка со помош на антиинфламаторни лекови и хормонска супресија, до хируршко отстранување на ендометриозните жаришта и раскинување на прираслиците.

И, додека сеуште постои голема незадоволена клиничка потреба за подобрување на многу апсекти од дијагнозата и треманот на ендометриозата, постои и огромна потреба од подигнување на јавната свеста и информираност за оваа состојба.

Categories: новости