Ектопична бременост

Што е ектопична бременост?

Тоа е термин кој докторите го користат за бременост која не се наоѓа во матката, каде вообичаено треба да биде. Оваа состојба е сериозна и понекогаш може да биде и животно-загрозувачка. 

Бременоста започнува кога јајце клетката ќе се соедини со сперматозоидот. Овие клетки растат во поголема група на клетки, наречени “ембрион”. Во нормална бременост, ембрионот се закачува за внатрешната обвивка на матката. Таму, може да порасне во бебе. 

Image

Слика 1. Како настанува бременост. 

Кај ектопичната бременост, ембрионот не се закачува за внатрешната обвивка на матката. Наместо тоа, се закачува на места во телото каде не би требало, и започнува да расте. Иако првично ембрионот станува поголем, не може да порасне во бебе. Како што ембрионот станува поголем, тој може да предизвика болка и крварење и да доведе до други проблеми. Некои од овие проблеми може да бидат животно- загрозувачки.

Најчесто, кај ектопичните бремености, ембрионот се закачува за внатрешната обвивка на една од фалопиевите туби (тубите кои ги поврзуваат јајниците со матката). Кога ќе се случи ова, докторите ја нарекуваат “тубарна бременост”. Во ретки случаи, ембрионот исто така може да се закачи за цервиксот, јајникот или внатре во самиот стомак.

Некои жени имаат поголема шанса од другите да имаат ектопична бременост. Може да имате поголема шанса да имате ектопична бременост доколку:

  • Имате абнормални или оштетени јајцеводи (фалопиеви туби), поради претходни инфекции или операции
  • Веќе сте имале ектопична бременост претходно
  • Сте останале бремена со помош на некој третман
  • Пушите цигари

Жените кои користат т.н спирала или интраутерина направа како начин на контрацепција, имаат многу мали шанси да останат бремени. Но, доколку ваквите жени останат бремени, тие имаат поголем ризик од ектопична бременост. Доколку имате т.н спирала и мислите дека сте бремена, кажете му на Вашиот доктор. Тој ќе провери дали бременоста е ектопична.

Кои се симптомите на ектопична бременост?

Жените кои имаат ектопична бременост, често на почетокот немаат симптоми. Доколку се јават рани симптоми, тие може да бидат:

  • Болка во долниот дел на стомакот
  • Крварење од вагината (крварењето може да биде обилно или слабо, или може да бидат само точки на крварење или кафеав исцедок).

Некои жени немаат симптоми се додека ектопичната бременост не предизвика посериозни проблеми. На пример, ембрионот кој што расте во фалопиевата туба може да предизвика тубата да “прсне”. Кога ова ќе се случи, симптомите може да бидат:

  • Јака болка во долниот дел на стомакот
  • Обилно крварење од вагината
  • Несвестица или чуство дека ќе се онесвестите

Доколку знаете дека сте бремена и имате некој од горенаведените симптоми, јавете се во ургентен центар најбрзо што е можно.

Дали постои тест за ектопична бременост?

За да проверат дали имате ектопична бременост, Вашиот доктор може да Ви направи:

  • Тест од крв за да го измери хормонот наречен hCG- Овој тест покажува дали сте бремена и колкаво количество на hCG се произведува во бременоста.
  • Ултразвучен преглед за да види во кој дел од Вашиот генитален тракт се наоѓа ембрионот.

Понекогаш, резултатите од тестовите покажуваат ектопична бременост веднаш. Но најчесто, потребно е докторите да ги повторат тестовите на неколку дена за да знаат со сигурност дали имате ектопична бременост.

Како се третира ектопичната бременост?

Докторите може да ја третираат ектопичната бременост на два начина, зависно од големината на ембрионот, Вашите симптоми, и други фактори. Обата третмана вклучуваат отстранување на ембрионот. Важнo е да се направи ова, бидејќи доколку ембрионот прoдолжи да расте, може да предизвика фалопиевата туба да прсне. Доколку се случи ова, може да биде животно- загрозувачки.

Опциите за третман вклучуваат:

  • Лекови- Вашиот доктор може да Ви даде лек наречен метотрексат. Овој лек го стопира растот на ембрионот и предизвикува да се “растопи”. Доколку го добиете овој третман, потребна е контролен преглед на крвта за hCG за неколку недели за да бидеме сигурни дека третманот бил успешен.
  • Операција- Докторот може да Ви направи операција за да го отстрани ембрионот. Вашиот доктор исто така може да биде потребно да Ви ја отстрани и фалопиевата туба.

Дали може да се спречи ектопичната бременост?

Најголем дел од ектопичните бремености не можат да се превенираат. Доколку планирате да останете бремена, не постои ништо специфично кое би можеле да го направите за да ја спречите ектопичната бременост.

Шансите за ектопична бременост се поголеми кај жени кои имале сексуално преносливи инфекции.

Дали може да останам бремена во иднина?

Најголем дел од жените можат да имаат нормална бременост после ектопична бременост. Но, кажете му да Вашиот доктор доколку се обидувате да останете бремена. На тој начин, тие ќе проверат дали бременоста е ектопична. 

Categories: Uncategorized