Сексуално преносливи инфекции

Сексуално преносливите инфекции СПИ (Sexually Transmitted Infections– STI) се различни инфекции и клинички синдроми предизвикани од патогени микроорганизми
(30 бактерии, вируси и паразити) кои може да се добијат и да се пренесат преку сексуален однос.

Факти за сексуално преносливи инфекции

  • СПИ може да добиете при незаштитен вагинален сексуален однос или при нередовна и неправилна употреба на кондом.
  • СПИ може да се добие и при првиот сексуален однос.
  • СПИ може да добиете и од партнер кој го познавате.
  • СПИ може да се добиете при честа промена на сексуалните партнери.
  • Може да бидете истовремено инфицирани и со повеќе од еден причинител на СПИ.
  • Може да имате иста СПИ неколку пати во животот.
  • Може да добиете СПИ со размена на сексуални помагала.
  • Може да се заштитите од СПИ.
  • СПИ може да се лекува, затоа навремено тестирајте се!
  • Злоупотребата на алкохол, лекови или наркотици го олеснува вклучувањето на адолесцентите во ризично сексуално однесување.
  • Кондомот е единственото средство кое истовремено штити и од СПИ, но и од непланирана бременост.
  • СПИ може да се добие и при орален и анален секс.
  • Оралните контрацептивни средства НЕ штитат од СПИ. Секоја девојка која користи орални контрацептиви мора при секој сексуален однос да користи и кондом за заштита од СПИ.

Треба да се консултирате со матичниот лекар, матичниот гинеколог или кожен лекар и да направите тестирање за СПИ доколку::

  • сте имале незаштитен сексуален однос, или кондомот се лизнал, или пак се скинал во текот на сексуалниот однос
  • имате симптоми кои сугерираат присуство на СПИ вашиот партнер има СПИ
  • сте го промениле сексуалниот партнер

    Симптоми
  • Отечени лимфни јазли
  • Замор, покачена телесна температура
  • Намален имунитет
  • Болки по телото, коските и зглобовите
  • Иритација, црвенило, чешање или каков било осип и рани во гениталната регија
  • Болки во долниот дел на абдоменот, болки при мокрење, чувство на непријатност, крварење и болки за време на сексуалниот однос
  • Променет вагинален исцедок/исцедок од пенисот (со необична боја, густина и мирис)

КОЛКУ Е ГОЛЕМА ЗАКАНАТА:

ХПВ : “Kissing this frog can give you warts. The HPV vaccine is a true prince”. Human papillomavirus е вирус застапен во повеќе од 100 различни видови. 49 % од инфицираните со ХПВ се адолесценти на возраст од 15 до 24 години. Вакцината може да нè заштити од дел од високоризичните ХПВ видови.
70 % од инфицираните со гонореа се адолесценти на возраст од 15 до 24 години. Гонореата се смета како значајна закана на современата медицина бидејќи покажува сè поголема отпорност кон последната линија на антибиотици кои вообичаено се користат за нејзин третман.

130 милиони новодијагностицирани случаи на СПИ годишно се предизвикани од бактеријата Chlamydia trachomatis. 63 % од инфицираните со хламидија се адолесценти на возраст од 15 до 24години. Хламидијата може да се излечи ако навремено се дијагностицира.
Повеќе од 500 милиони луѓе секојдневно живеат со генитален херпес, предизвикан од Herpes simplex virus type 25 % од инфицираните со генитален херпес се адолесценти на возраст од 15 до 24 години. Се пренесува при контакт на кожа со кожа. Не постои лек, но може да се превенира.
5,6 милиони новодијагностицирани случаи годишно се предизвикани од бактеријата Treponema pallidum. 20 % од инфицираните со сифилис се адолесценти на возраст од 15 до 24години. Сифилисот може да се излечи ако навремено се дијагностицира.
ХИВ вирусот е 400.000 пати помал од голф топче, но е многу моќен убиец на човековите имуни клетки – клетки кои му помагаат на телото да се бори против инфекции. 26 % од инфицираните со ХИВ се адолесценти на возраст од 15 до 24години.

– 1 од 4 сексуално активни од 15 до 24 години имаат сексуално пренослива инфекција
годишно има 20 милиони нови случаи на СПИ а 10 милиони се од 15 до 24 години
– Најчестата СПИ помеѓу сексуално активните адолесценти на возраст
од 15 до 19 годишна возраст е хуманиот папилома вирус (ХПВ).
– ХПВ вирусната инфекција лесно може да се пренесе дури и при употреба на кондом, при контакт на кожа со кожа.

ФАКТОРИ
40% од сексуално активните адолесценти НЕ користеле кондом за време на нивниот последен сексуален однос.
15% од адолесцентите имале сексуален однос само зошто биле под дејство на алкохолот.
33% од сексуално активните адолесценти кои имале СПИ, НИКОГАШ НЕ побарале помош од доктор.
50% од луѓето кои имаат СПИ немаат забележителни симптоми.

ХПВ : “Kissing this frog can give you warts. The HPV vaccine is a true prince”. Human papillomavirus е вирус застапен во повеќе од 100 различни видови. 49 % од инфицираните со ХПВ се адолесценти на возраст од 15 до 24 години. Вакцината може да нè заштити од дел од високоризичните ХПВ видови.

70 % од инфицираните со гонореа се адолесценти на возраст од 15 до 24 години. Гонореата се смета како значајна закана на современата медицина бидејќи покажува сè поголема отпорност кон последната линија на антибиотици кои вообичаено се користат за нејзин третман.

130 милиони новодијагностицирани случаи на СПИ годишно се предизвикани од бактеријата Chlamydia trachomatis. 63 % од инфицираните со хламидија се адолесценти на возраст од 15 до 24години. Хламидијата може да се излечи ако навремено се дијагностицира.

Повеќе од 500 милиони луѓе секојдневно живеат со генитален херпес, предизвикан од Herpes simplex virus type 25 % од инфицираните со генитален херпес се адолесценти на возраст од 15 до 24 години. Се пренесува при контакт на кожа со кожа. Не постои лек, но може да се превенира.

5,6 милиони новодијагностицирани случаи годишно се предизвикани од бактеријата Treponema pallidum. 20 % од инфицираните со сифилис се адолесценти на возраст од 15 до 24години. Сифилисот може да се излечи ако навремено се дијагностицира.

ХИВ вирусот е 400.000 пати помал од голф топче, но е многу моќен убиец на човековите имуни клетки – клетки кои му помагаат на телото да се бори против инфекции. 26 % од инфицираните со ХИВ се адолесценти на возраст од 15 до 24години.

  • Терминот „контрацепција“ се однесува на различни методи/средства кои се користат за заштита од непланирана бременост.
  • Кондомите се широко достапни и не треба рецепт за да се купат.
  • Кондомите се единственото контрацептивно средство кое ги штити и двајцата партнери од сексуално преносливи инфекции. Нивната ефикасност е 98 % доколку правилно се користат при секој сексуален однос.
  • Женскиот кондом не е достапен во нашата земја.

Доколку ја игнорирате сексуално преносливата инфекција и истата не се лечи навремено може да предизвика:

  • Намалена плодност и стерилитет
  • Ширење на инфекцијата на други органи
  • Трајно оштетување на органите
  • Пренос на инфекцијата на новороденчето (доколку жената е бремена)
Categories: Uncategorized