Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари-МАГО ја одбележа „Неделата на женско здравје“

По повод светската недела на женското здравје 8-ми до 14-ти мај 2022, Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари-МАГО денеска во Скопје ја одбележа „Неделата на женското здравје” како дел од кампањата за обезбедување подобра институционална заштита на жените во текот на целиот животен век, како и професионално здравствено информирање за сите превентивни прегледи и однесувања кои ќе допринесат за зачувување на здравјето на жената.

За време на панел дискусијата, Проф. Д-р Глигор Тофоски, Проф. Д-р Горан Димитров, Доц. Д-р Даниела Иванова Панова и Проф. Д-р Ана Данева Маркова ги претставија досегашните и идните активности и кампањи на МАГО кои заедно со повеќе релевантни институции и организации започнуваат процес на континуирана едукација за женското здравје и поттикнување на општествени промени во оваа област. 

На настанот присуствуваа г-ѓа Елизабета Ѓеоргиевска-сопруга на претседателот на Република Северна Македонија, Доц. Д-р Владимир Рендевски-заменик министер за здравство, г-ѓа Магдалена Филиповска Грашкоска -генерален директор на Фондот за здравствено осигурување, претставници на Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи, Министерство за Образование и наука, претставници од факултетите при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, претставници на Македонското Лекарско Друштво, невладиниот сектор и фармацевтските компании.

Пред присутните беше претставен и проектот „Мобилни гинеколошки амбуланти“, се отворија прашања за значењето на мултидисциплинарниот пристап и соработката сочинета од три профили на здравствени работници – специјалисти по гинекологија и акушерство, неонатолози и медицински сестри – акушерки, а се разговараше и за развивање нова стратегија за ХПВ вакцината во РСМ, каде што и момчињата рутински би се вакцинирале против ХПВ.

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари-МАГО, преку различни теренски активности и преку своите социјални медиуми, продолжува со континуирана едукација, подигнување на свеста за значењето на редовните гинеколошки прегледи како и обезбедување поактивно учество на мажите во сексуалното и репродуктивното здравје.

Со почит,

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари-МАГО

https://www.facebook.com/asocijacijanaginekoloziiopstetricari  MAGO Info Viber

Categories: Uncategorized