Рак на јајници

Кога Ракот започнува во јајниците се нарекува Рак на јајниците. Женскиот генитален систем има два јајника, распределени на секоја страна од матката соодветно во малата карлица, и преку јајцеводите се поврзани со матката. Јајниците создаваат хормони и произведуваат јајце клетки. 

Колку е честа состојбата и кој може да заболи од рак на јајниците

Рак на јајници е четвртиот најчест малиген тумор во женската популација и  може да се дијагностицира кај сите жени, но повозрасните жени имаат поголема веројатност дека ќе заболат отколку помладите.. Најчесто се јавува кај жени меѓу 50 и 65 години.

Жените на кои им се отстранети двата јајника имаат многу мал ризик од развој на рак на јајниците. 

Најчести симптоми

За одбележување се следните симптоми:

  • Вагинално крварење (особено ако сте во менопауза)
  • Абнормален исцедок од вагината
  • Болки во стомакот и грбот
  • Болка или притисок во предел на малата карлица
  • Подуеност
  • Потешкотии при исхраната и чуство на ситост
  • Честа или итна потреба за мокрење
  • Запек

Доколку имате вагинално крварење веднаш обратете се кај вашиот матичен гинеколог и направете гинеколошки преглед. Ако пак имате некој од наброените знаци кои траат повеќе од 2 недели и не се нормални за вас исто така консултирајте се со вашиот лекар.

Причина за настанување

Не е позната точната причина за настанување на Рак на јајниците, но идентификувани се повеќе фактори кои може да го зголемат ризикот од добивање на Рак на јајниците, вклучувајќи:

  • Фамилијарен податок за Рак за јајници (мајка, сестра, тетка или баба)
  • Ако сте имале рак на дојка, матка или дебело црево
  • Пациентки во средовечно или повозрасно доба
  • Немате раѓано или сте имале проблем со забременување
  • Ендометриоза
  • Позитивен тест за генетска абнормалност наречена BRCA1 или BRCA2, или онаа поврзана со Lynch синдромот. 
  • Повеќегодишно користење само на естрогенска терапија без дополнителен прогестерон повеќе од 10 години, може да имаат зголемен ризик од Рак на јајниците

Како се поставува или потврдува дијагнозата

Во случај на појава на горенаведените симптоми како почетен чекор при превземање на испитувања е реализација на снимање на абдоменот и карлицата по претходен физикален преглед. Тоа може да вклучува ултразвучен преглед, компјутерска томографија или магнетна резонанца. Дополнително може да се направи туморски маркер Ca125 и земање на течност од абдоменот (парацентеза). Единствениот сигурен начин за поставување на дефинитивна дијагноза е преку изведување на хируршка интервенција (експлоративна лапаротомија/лапароскопија).  

Како може да се спречи или да се намали можноста од добивање на Рак на јаниците

Моментално НЕ постои ефикасен скрининг тест за Рак на јајниците, ниту пак постои познат начин за превенција од Рак на јајниците. Овој Рак е многу тежок за рано откривање,  но постојат одредени работи кои се поврзани со намалување на шансите за појава на Рак на јајниците:

  • Користење на контрацептивни таблети повеќе од 5 години
  • Веднаш по породување шансите за појава на Рак на јајниците е многу мала
  • По подврзување на јајцеводите, отстранување на двата јајника 
  • Доење 

Бидејќи се работи за еден од најсмртоносните видови на Рак кај жените заради тоа што многу доцна се открива, постои голем интерес за наоѓање на тест или комбинација од тестови кои би можеле да се користат за рано откривање на Рак на јајниците. 

Сеуште се во фаза студии кои би ја пронашле најдобрата комбинација за скрининг тестови за Рак на јајниците. Тестови кои може да бидат корисни за жените со висок ризик за Рак на јајниците вклучуваат: 

  • Ca-125 (туморски маркер) преку тестирање на крвта
  • Ултразвук на малата карлица (преку абдоменот или вагинален) 

Потребен е скрининг кај пациентките со докажан фамилијарен податок за Рак на јајниците, жени со мутација за BRCA1 или 2, Lynch синдром (наследен неполипозен колоректален Рак). Скринингот може да вклучува одредување на туморскиот маркер Ca125 и изведување на ултразвук на малата карлица.

Опции за третман

  • Хируршки третман 
    • Стадиумот на Ракот на јајниците се одредува хируршки преку т.н експлоративна односно истражувачка хирургија. Хирургот ги отстранува сите видливи карцинозни промени,  јајниците, јајцеводите и матката (доколку е тоа можно). Со тоа врши отстранување на најголем дел од Ракот и го спречува натамошното негово ширење. 
  • Хемотерапија
    • Освен хируршкиот понекогаш е потребен и дополнителен третман со хемотерапија, а понекогаш докторот сугерира третман со хемотерапија пред изведување на оперативниот зафат. 
  • Хормонална терапија
    • Во одредени случаи во предвид како на пример кај бавно растечки Раки на јајниците доаѓа во предвид спроведување на хормонална терапија преку блокирање на ефектите на естрогенот за спречување на раст на канцерот. 
  • Имунотерапија
    • Го користи имунолошкиот систем за борба против Ракот. 

Следење по спроведен третман

По завшрување на хируршкиот третман и  третманот со хемо или радиотерапија вашиот лекар ќе направи физикален преглед и дополнителни дијагностички процедури (како компјутеризирана томографија) и лабораториски анализи за да се види дали сеуште постојат знаци за постоење на болеста. Се препорачува лабораториско следење и прегледи кај вашиот лекар за евентуално повторување на болеста  најмалку до 5 години по извршениот третман. 

Categories: Uncategorized