Mиоми

Што се тоа моми?

Миомите претставуваат најчестите бенигни тумори на телото на матката, кои се изградени од мускулни клетки испреплетени со фиброзно ткиво. Тие претставуваат мазни, бледо розови, тумори, кои може да имаат различна форма, конзистенција и големина. Најчесто се со димензии од 5-10 см, но може да бидат и многу поголеми. По конзистенција може да бидат од тврди како камен, до меки како сунѓер. Може да достигнат тежина до 40 килограми.

Кога се јавуваат миомите?

Сеуште не се знае точно причината за нивна појава. Миомите се хормон зависни , поради што најчесто се јавуваат во репродуктивниот период. Тоа е периодот од појава на првиот менструален циклус (првото менструално крварење), до појава на менопаузата кај жената. Миомите се дијагностицираат кај секоја честврта жена во репродуктивниот период. По репродуктивниот период и влегување на жената во постменопаузалниот период, се намалува шансата за појава на миом, е доколку истиот бил дијагностициран претходно, се очекува да почне да се намалува по големина. 

Почесто се јавува кај:

  • дебели пациентки
  • бремени пациентки
  • кај пациентки од црнечка раса
  • кај оние кои примаат орални контрацептиви .

Како се делат миомите?

Миомите се делат соред нивната локација на :

миоми на телото на матката и

миоми на грлото на матката

  Во зависност од тоа пак на кој слој на матката се наоѓа, се делат на:

субзерозен (под серозата –надворешниот слој на маткат 

интрамурален ( во смиот мускул на маткат) и

субмукозен (под ендометриумот- внатрешниот слој на маткат). Слика бр.1.

Матката се состои од три слоја

  1. надворешен слој, сероза или периметриум
  2. среден мускулен слој или миометриум и 
  3. внатрешен слој, мукоза или ендометриум.

Слика бр.1 Типови на миоми

Симптоматологија

Најчесто миомите се без симптоми (асимптоматски), а се откриваат случајно на редовен гинеколошки преглед. Меѓутоа кај 25-50% може да се јават одредени симптоми, во зависност од местоположбата, големината и бројот на миомите. Најчести пациентките се жалат на:

  • крварење,
  • болка,
  • слабокрвност,
  • неможност да забременат и
  • одредени симптоми како резултат на притисок на миомот на соседни органи како запек и болка при мокрење.
Ретко кај одредени пациентки може да се јави интензивна болка ако резултат на инфекција, придружена со температура, увртување на миомот со последователна негова некроза , која може да бара итно упатување на пациентката во болница !!!!!!!
Кај бремени пациентки со присутни миоми, може да дојде до предвремено породување. Кај овие пациентки езгоемена шансата за завршување на раѓањето со царски рез како и пообилно крварење во текот на породувањето!!!!

Дијагноза

Со самото давање на податоци за карактеристичните симптоми на продолжено и обилно крварење, придружено со зголемена матка на бимануелен преглед , гинекологот ќе се посомнева на присуство на миом. Бимануелен преглед се извршува од страна на гинекологот со двете раце, со цел да се палпираат промени на  матката и јаниците. За време на овој преглед при присуство на миом, се открива зголемена, цврста, но во зависност од дегенерацијата може да е и мека и болна матка на палпација, а на вагинален преглед по пласирање на спекулум пак, може да се наиде на зголемено грло на матката, кое е како резултат на присуство на миом на грлото. 

Дефинитивна дијагноза се поставува со ултрасонографски преглед, на кој миомите се прикажуваат со типична карактеристилна слика. 

Третман

Кај 20-50% од пациентките со симптоматски миом, има потреба од одреден третман. Кој вид на третман ќе се примени зависи од симптомите кај пациентката, нејзината општа здравствена сосотојба, големината, локализацијата на миомот, возраста на пациентката како и дали пациентката има завршено со раѓање на деца. Кај пациентките кои имаат незначителни симптоми, се следи ситуацијата нредните 3-5 месеци.

Медикаментозен третман

–  Кај пациентки со болка, се употребуваат нестероидни антиинфламаторни лекови, но истите немаат никаков ефект врз миомите. 

–  Кај пациентки со присутна блага анемија, се ординира железен препарта.

– Ретко се ординираат хормонски препарати, гонадотропин рилизинг хормон (GnRH) агонисти, со цел да ја намалат големината на миомот. Овие препарати се употребуваат 3-4 месеци, а не смеат да се примаат подолго од 6 месеци.

Хируршки третман

Во одредени случаи има потреба од хируршки третман. 

  • Доколку пациентката има завршено репродукција (завршено со раѓање на деца) и кај истата нема ризик од оперативен третман, се изведува хистеректомија (отстранување на матката ) која може да биде  абдоминална (класична), вагинална и лапароскопски изведена.
  • Доколку пациентката нема завршена репродукција, се применува миомектомија (отстранување на миомот). Истата се прави хистероскопски кај субмукозни миоми, лапароскопски кај субсерозни и интрамурални миоми, и абдоминално со класичен рез, доколку миомот е голем или се повеќебројни и не може да се изведе помалку инвазивен третман. 
Categories: Uncategorized