Ендометриоза

Што е ендометриоза?

Ендометриозата е состојба која може да предизвика болка во долниот дел на стомакот и потешкотии да останете трудна.

“Ендометриумот” е името на внатрешната обвивка на матката. Кај жените со ендометриоза, клетки како тие што нормално се наоѓаат во ендометриумот растат надвор од матката. 

Слика 1. Места каде може да се најде ендометриоза.

Сеуште не се знае точно како или зошто ова се случува. Но, кога клетките на ендометриозата растат, тие предизвикуваат воспаление во телото. Ова може да доведе до симптоми.

Кои се симптомите на ендометриозата?

Некои жени со ендометриоза немаат симптоми. Но, повеќето имаат болка во долниот дел на стомакот која може да се јави:

  • Непосредно пред или за време на месечниот циклус
  • Помеѓу месечните циклуси
  • За време или после сексуален однос
  • За време на уринирање или кога се случуваат придвижувања на цревата (често за време на менструалниот циклус).

Други симптоми на ендометриоза може да бидат:

  • Проблеми со остварување на бременост
  • Израстоци на јајниците кои докторот може да ги почуствува за време на преглед.

Сите овие симптоми може да бидат предизвикани и од состојби кои не се ендометриоза. Но, доколку имате некои од овие симптоми, кажете му на Вашиот доктор.

Дали постои тест за ендометриозата?

Не. Но, Вашиот доктор може да се посомнева дека имате ендометриоза доколку ги знае Вашите симптоми или Ви направи преглед.

Единствениот начин со сигирност да дознаете дали имате ендометриоза е Вашиот доктор да Ви направи операција и да види дали имате ткиво на ендометриоза надвор од матката.

Како се третира ендометриозата?

Ендометриозата може да се третира на неколку начини. Вистиниот третман за Вас ќе зависи од Вашите симптоми и дали посакувате да можете да останете времена во иднина.

Докторите може да употребат лекови во третманот на ендометриозата. Тука спаѓаат:

  • Лекови против болка- Докторите често препорачуваат “NSAID” ( Non-steroid anti-inflammatory drugs) лекови за третман на болката причинета од ендометриоза. Но, овие лекови не можат да ја излекуваат ендометриозата.
  • Лекови за контрацепција- Одредени лекови за контрацепција може да ја намалат болката. Тука влегуваат таблетите за контрацепција, кожни лепенки, вагинални прстени, интраутерини направи или т.н. спирали, подкожни импланти и инјекции. Овие третмани не се препорачуваат доколку сакате да останете бремена.
  • Лекови кои ја стопираат менструацијата- Овие лекови го стопираат телото да произведува одредени хормони. Може да бидат корисни доколку претходно опишаните методи на контраепција не успеваат да ги олеснат симптомите. Кај оние жени кај  кои е потребно да ги примаат овие лекови подолго од 6 месеци, потребно е да се додадат други хормони во третманот.

Некои жени бираат да имаат операција за да ја третираат ендомериозата.

Постојат различни типови на операција за оваа состојба:

  • Лапароскопија- Кај овој тип на операција, докторот ќе направи мали резови (неколку милиметри) на стомакот низ кој ќе внесе цевка со камера внатре во телото. Потоа ќе ја види и отстрани ендометриозата.
  • Во исклучително ретки (и тешки) случаи на ендометриоза, докторот може да Ви препорача отстранување на овариумите (јајниците) и утерусот (матката). Ваквиот екстензивен третман вообичаено се предлага кај пациентки кои имаат исклучително изразен симптоми на болеста, а кај кои повеќето третмани не довеле до задоволителна контрола на симптомите. Најчесто ваквите пациентки се пациентки кои се во перименопаузален период (околу менопауза). Доколку Ви се направи оваа операција, повеќе нема да може да останете бремена. 

Што да направам доколку имам потешкотии да останам бремена?

Доколку не можете да останете бремена, зборувајте со Вашиот доктор. Лековите и третманите кои можат да Ви помогнат, во овој случај, се различни. 

Categories: Uncategorized