Епилепсија во бременост

Информациите овде имаат за цел да ви помогнат подобро да ја разберете вашата здравствена состојба и вашите опции за третман и нега. Вашиот тим за здравствена нега е тука за да ве поддржи во донесувањето одлуки што се соодветни за вас. Тие можат да помогнат со тоа што ќе разговараат за вашите ситуации со вас и ќе одговараат на вашите прашања.

Овој едукативен материјал опфаќа:

  • Што значи за вас и вашето бебе кога имате епилепсија
  • Ако имате епилепсија за што да размислите пред да забремените
  • Ако дознаете дека сте бремени, но не планирате бебе
  • Дополнителна грижа која ќе ја добиете за време на бременоста
  • Раѓање на вашето бебе
  • Што откако ќе се роди вашето бебе

Клучните податоци се:

  • Повеќето жени кои имаат епилепсија немаат напад за време на бременоста и имаат здрава бременост и здрави бебиња.
  • Ако планирате бебе, известете го вашиот општ лекар или специјалист невролог. Тие ќе ги прегледаат вашите лекови и ќе разговараат со вас за најдобриот начин да се подготвите за бременост. Ова ќе вклучува земање фолна киселина во повисока доза од 5 mg дневно.
  • Специјален тим ќе се грижи за вас и вашето бебе за време на бременоста.
  • Не смеете да го прекинете или менувате лекот за епилепсија освен ако тоа не ви е препорачано.
  • Можете да се породите вагинално.
  • Имате зголемен ризик да имате напади за време на породувањето и доволно одмор го намалува овој ризик.
  • Доењето е безбедно дури и ако земате лекови за епилепсија.

Што значи да имам епилепсија за мене и за моето бебе?

Епилепсијата е релативно честа состојба. Повеќето жени кои имаат епилепсија остануваат без напади во текот на бременоста и имаат уредна бременост и здрави бебиња. Важно е да продолжите да ги земате вашите лекови бидејќи честите напади за време на бременоста може да бидат штетни за вас и вашето бебе. Затоа, планирањето на бременоста и дополнителната грижа за време на бременоста може да ги намали ризиците за вас и вашето бебе.

За мене

Некои жени со епилепсија може да имаат повеќе напади кога се бремени. Ова е обично затоа што тие престанале да ги земаат лековите или не ги земаат редовно. Самата бременост, исто така, може да го зголеми бројот на напади. Ако тоа ви се случи, треба да се консултирате со вашиот матичен лекар/гинеколог.

Постојат различни типови на напади и вашиот лекар треба да ви даде информации за типот на епилепсија што ја имате и можните ефекти врз вас и вашето бебе. Повеќето видови на епилепсија нема да предизвикаат никаква штета на вас или на вашето бебе. Лековите за епилепсија никогаш не треба да се прекинуваат или менуваат без да се консултирате со вашиот матичен лекар.

Многу ретка, но сериозна компликација на лошо контролираната епилепсија е ненадејна необјаснета смрт со епилепсија (SUDEP), која може почесто да се појави во бременоста.

За моето бебе

Секоја бременост носи мала шанса вашето бебе да не се развие нормално во утробата. Ризикот да се случи ова може да биде малку поголем рпи земање на одредени лекови за епилепсија. Ризикот зависи од видот на лековите што ги земате и дозата, а се зголемува доколку земате повеќе од еден лек за епилепсија. Најчестите проблеми за вашето бебе поврзани со овие лекови вклучуваат расцеп на рбетот, расцеп на лицето или абнормалности на срцето. Земањето фолна киселина го намалува овој ризик.

Познато е дека лекот за епилепсија натриум валпроат предизвикува оштетувања кај бебињата во развој. Ова вклучува физички проблеми и зголемен ризик од доцнење во развојот, состојба која може да влијае на комуникациите, јазичните вештини и однесувањето.

Ако земате натриум валпроат, вашиот специјалист по епилепсија треба да го промени ова со алтернативен лек пред да забремените. Треба да разговарате со нив за да направат план за вашата бременост пред да ја прекинете контрацепцијата. Ако неочекувано сте забремениле додека земавте натриум валпроат, не прекинувајте сами со лекот, туку веднаш кажете му на вашиот општ лекар и специјалист за епилепсија за да можат да разговараат за најбезбедните опции за третман со вас.

 Имам епилепсија. На што треба да размислам пред да забременам? 

Разговарајте со вашиот општ лекар Повеќето жени со епилепсија имаат здрави бебиња. Важно е вашиот општ лекар да знае дека планирате бременост. Може да бидете упатени кај невролог или специјалист за епилепсија за совет, односно разговор со вас за тоа што ќе значи бременоста во вашата индивидуална ситуација. Тие ќе разговараат со вас за лековите што ги земате и што може да се направи за да се намалат ризиците за вас и вашето бебе. Можеби ќе ви биде препорачано да останете на тековниот лек, но да ја промените дозата. Понекогаш може да ви биде препорачано да го промените лекот. Промената на лекот или неговата доза може да влијае на вашата способност за возење. Иако тоа не е потребно рутински, понекогаш вашиот здравствен работник ќе организира тестови на крвта за да го измери нивото на лекот пред да ја промени дозата.

 Започнете да земате фолна киселина во повисока доза од 5 mg дневно 

На сите бремени жени им се советува да земаат фолна киселина бидејќи помага да се намали ризикот нивното бебе да има расцепи на рбетот (спина бифида). Исто така, може да го намали ризикот од дефекти на срцето или екстремитетите. Вашиот лекар ќе ве советува да земате дневна доза од 5 mg фолна киселина. Ова е повисоко од вообичаеното и ќе треба да ви биде препишано. Оваа поголема доза е потребна поради вашиот лек за епилепсија, кој може да го зголеми ризикот вашето бебе да се роди со спина бифида. Ако планирате да имате бебе, вреди да продолжите со контрацепција додека не посетите невролог, специјалист по епилепсија и не земете фолна киселина 3 месеци. Вашиот општ лекар или службата за планирање на семејството може да ве советува која контрацепција е најдобра за вас доколку не сте сигурни. Бидејќи најголемиот дел од развојот на вашето бебе се одвива во првите 3 месеци од бременоста, идеално би требало да земате фолна киселина 3 месеци пред да забремените и да продолжите да ја земате додека не стигнете до 13-та недела од бременоста. 

Не планирав бебе, но дознав дека сум бременa.

  • Не прекинувајте со лековите. Повеќето лекови за епилепсија сами по себе носат мал ризик за вашето бебе, додека прекинувањето на лекот може да претставува сериозен ризик и за вас и за вашето бебе. Разговарајте со вашиот општ лекар или медицинска сестра за епилепсија што е можно поскоро. Тие ќе договорат да посетите акушер или невролог кој ќе може да ви даде совет.
  • Ако веќе не земате фолна киселина, треба да започнете да ја земате веднаш. Треба да земате поголема доза од 5 mg дневно. Посетете го вашиот општ лекар, кој ќе ви го препише овој лек.

Ако гадење или повраќање го отежнуваат задржувањето на лекот за епилепсија, разговарајте со вашиот општ лекар, акушерка или специјалист за епилепсија.

Каква дополнителна грижа ќе ми треба за време на бременоста?

Вашиот матичен гинеколог ќе ве упати на термин за антенатална контрола во референтен центар. Ќе бидете под грижа на специјализиран здравствен тим, кој обично вклучува гинеколог-акушер, акушерка и специјалист невролог.

При првата посета ќе ви бидат дадени информации за:

  • начини да се намали ризикот од појава на напади, на пример со тоа што ќе се погрижите да ги земате вашите лекови и со обидот да спиете/одморите што е можно повеќе

Имањето епилепсија обично значи повеќе посети на лекар. Вашиот тим ќе разговара со вас за вашето општо здравје и дали неодамна сте имале напади. Можеби ќе ви биде препорачано да го зголемите или да го промените вашиот лек доколку е зголемен бројот на напади што ги имате.

Како и на сите трудници, ќе ви бидат понудени рутински ултразвучни скенови за да проверите како се развива вашето бебе. Ова вклучува и детална проверка на рбетот. Можеби ќе ви бидат понудени дополнителни скенирања за следење на растот на вашето бебе ако земате лекови за епилепсија.

Каде треба да го родам моето бебе?

Ќе ви биде советувано да се породите во терциерна здравствена установа, односно во центар со специјализарана неонатална единица.

Дали ќе треба рано да го родам моето бебе?

Епилепсијата, особено ако е добро контролирана, сама по себе не е причина за потреба од рано породување.

Како ќе го родам моето бебе?

Ќе можете да разговарате за вашиот план за раѓање со вашата бабица и акушер. Повеќето жени со епилепсија можат да имаат вагинално раѓање. Епилепсијата сама по себе не бара планиран царски рез или индукција на породување.  

Што се случува при породувањето?

Ризикот од појава на напад за време на породувањето е многу мал, особено ако вашата епилепсија е добро контролирана. Како и да е, да се биде уморен, дехидриран и во болка може да го зголеми ризикот, затоа погрижете се да имате што е можно поголема поддршка, олеснување на болката на крајот на одморот.

Лекот за епилепсија треба да го носите со вас во болница и да го земате како што обично го земате за време на вашето породување.

Епидурална аналгезија е погодна за ублажување на болката кај пациентки со епилепсија. Може да се користат и инјекции на силен лек за болка како што е диаморфин. Петидин (друг вид на ублажување на болката) не се препорачува, бидејќи во високи дози е поврзан со напади.

Што се случува откако ќе се роди моето бебе?

Вашето бебе обично ќе остане со вас, освен ако не му треба дополнителна нега.

Витамин К

Ќе ви биде понудена инјекција на витамин К за вашето бебе. Витаминот К е потребен за правилно згрутчување на крвта. Нивоата се ниски кај сите новородени бебиња, што ги става во ризик од крварење. Некои антиепилептични лекови може дополнително да го намалат нивото на витамин К.

Напади

  • Може да имате повеќе напади по породувањето поради замор, стрес и анксиозност. Одморете се и помогнете му на вашето бебе колку што можете.

Лекови

  • Недостатокот на лекови исто така го зголемува ризикот од напади. Заборавањето да земете лекови по раѓањето на вашето бебе е многу честа појава. Некои жени го активираат алармот на телефонот или користат апликација за да им помогнат да запомнат да ги земаат лековите на време.
  • Ако сте земале повеќе лекови за време на бременоста, можеби ќе можете да се вратите на претходната доза. Разговарајте со вашиот специјалист за здравствена заштита пред да се роди вашето бебе за да имате план.

Совети да го чувате вашето бебе безбедно

Вашата акушерка, неонатална и патронажна сестра ќе разговараат со вас за начините како да го чувате вашето бебе безбедно доколку имате напад, вклучувајќи:

  • Добивање многу помош и одмор
  • Користење на многу плитки бањи за бебиња
  • Доење на вашето бебе на подот
  • Легнување на вашето бебе ако имате предупредувачка аура

Контрацепција

Добра идеја е да имате план за контрацепција. Можете да разговарате за ова со вашиот здравствен работник пред да заминете од болница.

Може ли да го дојам моето бебе?

Како ќе изберете да го нахраните вашето бебе е многу лична одлука. Има многу придобивки од доењето за вас и вашето бебе. Лековите за епилепсија можат да преминат во мајчиното млеко, но количината обично е толку мала што не е штетна. Доењето се смета за безбедно дури и ако земате лекови за епилепсија.

Заедничко донесување одлуки

Ако од вас се бара да направите избор, може да имате многу прашања што сакате да ги поставите. Можеби ќе сакате да разговарате за вашите опции со вашето семејство или пријатели. Може да помогне да напишете листа на прашања на кои сакате да одговорите и да ја однесете на вашиот состанок. За почеток, обидете се да се погрижите да ги добиете одговорите на 3 клучни прашања. Ако од вас се бара да направите избор за вашата здравствена заштита:

1. Кои се моите опции?

2. Кои се добрите и лошите страни на секоја опција за мене?

3. Како да добијам поддршка за да ми помогне да донесам одлука што е соодветна за мене?

Categories: Uncategorized