Хроничната болка во карлицата во ова упатство се дефинира како интермитентна или константа болка во долниот дел ан абдоменот или малата карлица која трае најмалку 6 месеци, не е асоцирана ексклузивно со менструација или сексуален однос и не е асоцирана со бременост; следствено, ентитетот е повеќе симптом, а помалку дијагоза.. Хроничната болка во карлицата е една од најчестите мотиви за консултација на ниво на примарна здравствена заштита, а самата состојба може да има значително негативно влијание врз секојдневното функционирање на жената. Заради тоа, животот со хронична болка може да има тешки економски и социјални импликации. Медицинскиот пристап кој цели кон прецизна дијагноза и ефикасен третман уште од првиот момент кога пациентката ќе се јави на доктор може да помогне во намалувањето на негативното влијание на состојбата врз квалитеот на животот на жената и може да ги избегне навидум бесконечната листа на упатувања, инвестигации и/или третмани. Ова упатство дава јасна рамка базирана на медицински докази за пристапот кон инциијалната евалуација на пациентка со хронична карлична болка. Упатството е наменето за специјалитите гинеколози-акушери, но може да биде корисно и за општи доктори/специјалисти по семејна медицина.
Линк до упатството
RCOG Green-top Guideline No. 41 – The Initial Management of Chronic Pelvic Pain