Хронични крварења во пременопаузален период

Упатството на NICE за евалуација и третман на пациентки со обилно менструално крварење има за цел да им помогне на здравствените работници во евалуацијата на причините за обилно менструлано крварење кое влијае на квалитетот на животот на пациентката, како и да помогне во изборот на соодветен третман имајќи ги на ум приоритетите и преференците на пациентката.
Главниот фокус на ова упатство се жените во репродуктивно доба кои имаат обилно меснтруално крварење, вклучувајќи ги и пациентките со миоми на матка и пациентки со аденомиоза. Ова упатство (примарно) не се однесува на евалуација на пациетнки со обило генитално крварење од друга природа (на пример интерменструално или посткоитално крварење) или пациентки со гинеколошки состојби кај кои обилното менструално крварење не е главен симптом (на пример ендометриоза). Упатството содржи препораки за цела палета фармаколошки и хируршки опции за третман на обилно менструално крварење. Сепак, во советувањето на било која пациентка за можните третмани за обилно менструално крварење, здравствените работници треба примарно да се фукусираат на изборот на пациентката затоа што единствена мерка за успехот на третманот е самата пациентката.

Линк до упатството

NICE Guideline – Heavy menstrual bleeding: assessment and management

Categories: Uncategorized