„Задолжителна имунизација на деца во Македонија“

Здружението на специјалисти по семејна медицина – респираторна група на ден 12 декември (вторник) Хотел Сириус Струмица со почеток од 12:30ч. ќе одржи стручен состанок „Задолжителна имунизација на деца во Македонија“. Целта на состанокот е зајакнување на соработката помеѓу здравствените работници кои директно се вклучени во задолжителната имунизација и здравствените работници кои работат во примарна здравствена заштита (матични лекари и матични гинеколози) и имаат директен контакт со родителите. Состанокот е поддржан од Алкалоид Конс Дооел.

Стручниот состанок е акредитиран во ЛКМ (4 бода).

АГЕНДА

12.30-13.00 – Регистрација

13.00-13.30 – Предизвици во задолжителната имунизација на деца во Македонија

Проф Др Катарина Ставриќ, Медицински Факултет, Скопје

13.30-14.00 – Ефикасности и безбедност на вакцини од редовниот календар за имунизација со посебен осврт на РОТА, ММР и ХПВ вакцината

Проф д-р Александра Грозданова, Фармацевтски факултет, Скопје

14.00-14.30 – Медицинско значење и безбедност на ХПВ вакцина

Проф. д-р Глигор Тофоски, Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство, Скопје

14.30 – Коктел