Сакаш да се мазиме? Ама да се пазиме.

Во текот на кампањата, младите ни дадоа одговори и на кратки прашалници. Едниот прашалник беше наменет да ги процени нивните предзнаења за сексуално преносливите инфекции (СПИ), додека пак другиот да ја отслика генералната слика за употребата на кондомот и останатите модерни контрацептивни методи помеѓу младите во нашата држава. 

Резултатите говорат за тоа дека младите немаат доволно информации и не умеат да го препознаат ризикот од незаштитениот сексуален однос, односно од СПИ и непланираната бременост. 

Погледнете ги добиените резултати:  

  1. Прашалник за достапност и употреба на контрацептивни методи:
  • 60% од испитаниците се на возраст од 15 до 24 години; 
  • од вкупниот број на испитаниците 53,8% се девојчиња/жени, а 45,7% момчиња/мажи; 
  • дури 71% од испитаиците имале барем еден незаштитен сексуален однос
  • само 46,8% редовно користат кондом, 23,1% никогаш не користат кондом, а 31% понекогаш; 
  • 48% од испитаниците сметаат дека кондомите се скапи; 
  • 90,8% не практикуваат друга модерна контрацептивна метода. 
  1. Прашалникот за проценка на предзнаењата за сексуално преносливи инфекции: 
  • 63,5% се на возраст од 15 до 18 години, а 20,1% на возраст од 19 до 24 години;
  • 43,4% од сексуално активните испитаници, никогаш не биле на гинеколошки/уролошки преглед;
  • 80% од испитаниците не знаат да наведат најмалку три сексуално преносливи инфекции. Генерално, одговорите ги содржат ХИВ и СИДА како две различни сексуално преносливи инфекции, а во 30% од одговорите испитаниците ги наведуваат и другите сексуално преносливи инфекции како сифилис, гонореа, хламидија и ХПВ. 
  • 40% од испитаниците не знаат што е ПАП тест, и која е неговата превентивна улога.