Сакаш да се мазиме? Ама да се пазиме.

Интимност и емоции

Како што ќе растеш, веројатно ќе сретнеш некој/а што навистина ќе ти се допаѓа и ќе почувствуваш сексуална привлечност кон него/неа. Природно е да имаш сексуални чувства и да сакаш да бидеш интимно близок/блиска. Без брзање!
Важно е внимателно да размислиш до што може да доведе сексот.

Дали си подготвен/а да имаш секс?

Само затоа што сакаш да бакнуваш и гушкаш некого, или само затоа што излегуваш со некого, не значи дека треба да имаш секс со него/неа. Имаш право да кажеш НЕ, а исто така имаш право и да го смениш мислењето. Ако некој каже не, тоа не значи дека не се грижи за тебе или дека те отфрла. Тоа значи дека сè уште не е подготвен/а. Во љубовната врска со некој кому му веруваш, сексот може да биде прекрасен начин да ги изразиш чувствата. Тоа е посебна работа во која треба да уживаш кога и двајцата ќе сте подготвени. А дали ти си подготвен/а?

Што доколку си имал/а незаштитен сексуален однос?

Пронајди го одговорот во ова видео

Што е итна контрацепција? Таблетка The Day After

„Но, што доколку кондомот пукне?”
И двајцата треба да појдете кај вашиот матичен доктор или матичен гинеколог, да прашате како да се тестирате за сексуално преносливи инфекции и употребата на итна контрацепција (ден потоа). А за тоа што е итна контрацепција, дознајте на QR-кодот.

Превенција од сексуално преносливи инфекции (СПИ)

„Моето момче не сака да користи кондом. Како да го убедам?”
Понекогаш, може да биде доста тешко да се држиш до својата одлука да користите кондом ако твојот партнер одбива. Сексот без кондом може да ви го промени животот. Не можете да бидете сигурни дека немате сексуално пренослива инфекција или ХИВ.
Поразговарајте, и заедно дознајте што значат сексуално преносливите инфекции.

Кондоми. Како да ги користиш правилно?

„Се чувствувам премногу засрамено да купам кондом. Луѓето можеби мислат дека сум премногу млад/а за да имам сексуални односи.”
Да се купи кондом е храбро. Тоа покажува дека размислуваш за твоето здравје и за здравјето на твојот партнер.
Но, дали знаеш како да го користиш правилно?

Што е ХПВ? (Humanpapilomavirus)

Речиси секој од нас во текот на својот живот ќе дојде во контакт со некој од 100-те типови на ХПВ-вируси кои се шират преку интимен контакт кожа на кожа. Најчесто, нашиот имунолошки систем вешто се брани од вирусот, но не секогаш – некои од високоризичните ХПВ-вируси се водечка причина за најмалку шест вида рак кај двата пола. Вакцината против ХПВ обезбедува безбедна, ефикасна и долготрајна заштита доколку се вакцинираш пред да бидеш изложен/а на вирусот.
Што е ХПВ и зошто ХПВ-вакцината е толку важна дознај преку видеото.

Контрацептивни методи

Контрацепција или контрацептивни методи се користат за спречување несакана бременост. Постојат околу 14 контрацептивни методи, но само кондомот ќе те заштити од сексуално преносливи инфекции. А за тоа кој контрацептивен метод е вистинскиот за тебе, кој е најбезбеден, дали е лесен за употреба, дали е достапен во нашата земја – дознај со клик на линкот.