Почитувани колеги и пријатели,
Во име на Македонското здружение за ХПВ (МЗХПВ) и Македонското здружение за сексуално преносливи болести (МЗСПБ), ја имаме честа да ве поканиме на заедничкиот Симпозиум со работен наслов “HPV инфекција и асоцирани болести”, кој ќе се одржи од 25-27.11.2022 година во хотел Дрим, Струга.
Мисијата на Симпозиумот е да ги собере Македонските и Светски познатите колеги на едно место и да овозможи плодна размена на искуства, идеи и знаења, а се со цел за подобрување на услугите на пациентите преку стекнување на нови вештини и воведување нови техники и тераписки модалитети во секојдневната пракса.
Темите кои ќе бидат опфатени за време на Симпозиумот се:
– Епидемиологија и молекуларна биологија на HPV
– Основна имунологија и патогенеза на HPV
– Глобален товар на HPV инфекција и асоцираните болести
– Превенција, дијагноза и третман на цервикален карцином
– Condylomata accuminata / Дијагноза и третман
– HPV и HNC канцер (head and neck cancers)
– HPV вакцини- терапевтски и профилактички
– Превентивен ефект на нутритивни суплементи кај HPV ифекција
– Психо- социјален аспект на HPV инфекцијата
Воедно, овој Симпозиум ќе ви биде и можност за воспоставување нови професионални контакти и пријателства.
Симпозиумот ќе биде заеднички организиран од страна на Македонското здружение за ХПВ и Македонското здружение за сексуално преносливи болести, а акредитиран од страна на Лекарската Комора на С.Македонија (ЛКСМ) и Македонското Лекарско Друштво (МЛД).
Се надеваме дека Вашето присуство и активно учество ќе придонесат за успешна реализација на планираните активности.
Ве очекуваме,
Проф. д-р Горан Димитров
Претседател на Македонското здружение за ХПВ
Спец. д-р Весна Пљакоска
Претседател на Македонско здружение за сексуално преносливи болести