Што претставува и колку е честа…
Тромбоза е згрутчување на крвта во крвен сад (вена или артерија). Венската тромбоза се случува во вена. Вените се крвните садови кои ја носат крвта во срцето и белите дробови додека артериите ја носат крвта во спротивен правец. Длабоката венска тромбоза (ДВТ) е згрутчување на крвта што се формира во длабоките вени на ногата, потколеницата или карлицата.
Бременоста го зголемува ризикот за ДВТ со најголем ризик непосредно после породување. Како и да е венската тромбоза е сеуште ретка во бременост или првите 6 недели после породување и се случува кај само 1-2 од 1000 жени.
ДВТ може да се случи во било кое време од бременоста, вклучувајќи ги првите 3 месеци.
Кои се симптомите на ДВТ во бременост?
Симптомите на ДВТ вообичаено се случуваат во само една нога и може да вклучат:
- Црвена, топла и отечена нога
- Оток на целата нога, само на дел од неа или може да ја чувствувате тешка
- Болка и/или оток- може да го чувствувате ова кога стоите или одите
Треба да побарате помош од вашиот матичен гинеколог ако забележите било кој од овие симптоми.
За време на бременост појавата на оток или дискомфорт на двете нозе е честа појава и не значи секогаш дека има проблем. Прашајте го вашиот матичен гинеколог ако сте загрижени.
Зошто е ДВТ сериозна?
Венската тромбоза може да биде сериозна зошто згрутчувањето на крвта може да се разгради и патува низ крвотокот додека не стигне до друг дел на телото, како белите дробови. Оваа состојба се нарекува белодробна емболија (БЕ) и може да биде животнозагрозувачка. Како и да е смртта од БЕ е многу ретка кај бремени жени или жени кои само што се породиле.
Симптомите на БЕ вклучуваат
- ненадејна необјаснета тешкотија во дишење
- стегање во градите или градна болка
- кашлање на крв (хемоптиза)
- чуvство на слабост или колапс
Треба да побарате итна помош ако почуvствувате било кој од овие симптоми. Дијагнозата и третманот на ДВТ го намалува ризикот за развој на БЕ.
Што го зголемува мојот ризик за ДВТ или БЕ?
Имате зголемен ризик за венска тромбоза ако било кој од следните ризици се однесуваат на Вас.
Пред бременост
Ако сте
- постари од 35 години возраст
- веќе имате родено 3 или повеќе бебиња
- сте имале претходна венска тромбоза
- имате мајка, татко, брат или сестра кои веќе имале венска тромбоза
- имате тромбофилија (состојба што го прави згрутчувањето на крвта поверојатно)
- имате медицинска состојба како срцева болест, белодробна болест или артритис- вашиот матичен гинеколог или акушерка ќе можат да ви кажат дали било која од овие медицински состојби го зголемува ризикот за ДВТ/БЕ.
- имате сериозни проширени вени кои се болни или над коленото со црвенило/оток
- користите количка
Животен стил
Ако сте
- Со прекумерна тежина или имате индекс на телесна маса над 30, сте пушач или користите интравенски дроги.
За време на бременост
Ако сте
- Примена на болничко лекување
- Носите повеќе од едно бебе (повеќеплодова бременост)
- Станете дехидрирана или помалку подвижна во бременост заради на пример повраќање во рана бременост, болничко лекување со тешка инфекција како воспалено слепо црево, бубрежна инфекција или ако се чуствувате лошо од третман за забременување (оваријален хиперстимулациски синдром)
- Ако сте неподвижна за подолг временски период, пример после операција или патување во траење од 4 часа или подолго (авион, автомобил или воз)
- Имате прееклампсија- видете го едукативниот материјал за пациенти
После раѓање на вашето бебе
- Ако сте имале многу долго породување (повеќе од 24 часа) или сте имале царски рез, сте изгубиле многу крв по породување или сте примиле трансфузија на крв
Треба да ви се процени ризикот за време на бременост и после породување при што вашиот доктор или акушерка ќе прашаат дали имате некои од горенаведените ризик фактори.
Дијагноза
ДВТ
Ако ги почуствувате симптомите вашиот доктор ќе ја прегледа вашата нога и може да препорача ултразвук на вашата нога за да се види дали имате тромбоза. Ако не е видена тромбоза, но сеуште имате симптоми, ултразвучниот преглед може да биде повторен за неколку дена.
БЕ
Тестовите може да вклучат:
- Рентген на бели дробови- оваа снимка може да идентификува чест проблем што може да биде причина за вашите симптоми како воспаление на белите дробови.
- КТ скен, специфичен рентген на белите дробови
- Вентилациско-перфузиски скен, на вашите бели дробови-вклучува примање на контраст во вената на вашата рака
- Ултразвучен скен на двете нозе ако имате симптоми на ДВТ
Дали постојат ризици од овие тестови
Рентгенот на белите дробови, КТ скенот и контрастниот скен на белите дробови користат радијација. Рентгенот на бели дробови користи мала доза на радијација која не се смета за штетна.
Кт скенот и контрастниот скен имаат мал ризик но истиот треба да се спореди со ризикот за вас и вашето бебе од недијагностицирана БЕ. Ризикот вашето дете да развие канцер во детството после КТ скен или контрастен скен е екстремно низок, иако е нешто повисок со контрастен скен отколку со КТ скен.
Како и да е КТ скенот има повисока доза на радијација за вашите гради отколку контрастниот скен и животниот ризик за карцином на дојка може да биде зголемен. Вашиот доктор ќе зборува со Вас за бенефитите и ризиците и кој тест е најдобар за Вас.
Кој е третманот на венската тромбоза?
Aко вашиот доктор се сомнева дека имате весна тромбоза, ќе ви биде советувано да почнете третман со инјекција на лек наречен хепарин за да ја разреди крвта. Има различни типови на хепарин. Најчесто користениот тип во бременост е хепаринот со ниска молекуларна тежина.
За повеќето жени бенефитот од хепаринот е:
- Спречува зголемување на коагулумот за да вашето тело постепено го разгради
- Го намалува ризикот за БЕ
- Го намалува ризикот за формирање на друга венска тромбоза
- Го намалува ризикот за развој на долгорочни проблеми во ногата
Што вклучува третманот со хепарин?
Хепаринот се дава како поткожна инјекција (субкутана) во исто време секој ден (некогаш два пати дневно). Дозата е прилагодена на вашата тежината во раната бременост.
Може да не е потребно да останете во болница за целото траење на третманот со хепарин. На вас (или на член на семејството) ќе ви биде покажано како и каде во телото се даваат инјекциите. Иглите и шприцевите (фабрички произведени и спакувани за една употреба) ќе ви бидат обезбедени и даден совет како да ги чувате и фрлате по употреба. Ќе имате редовни амбулантски контроли.
Дали има ризици за моето бебе и мене од хепаринот?
Хепаринот со ниска молекуларна тежина не ја поминува плацентата и затоа не може да му наштети на вашето бебе. Може да имате мали модринки на местото на инјектирање и ова вообичаено избледува за неколку дена.
Една или две жени на секои 100 (1-2%) ќе имаат алергиски реакции. Ако забележите осип по инјектирање треба да го информирате вашиот доктор за да се смени типот на хепарин.
Колку долго ќе биде потребно да земам хепарин?
Третманот се препорачува за остатокот на вашата бременост и барем 6 недели по породување. Минималното време за третман е 3 месеци и може да биде потребно да се продолжи и подолго.
Што друго можам да направам да помогнам ако имам ДВТ?
Бидете постојано физички активни!
Ќе ви бидат препишани специјални чорапи (градуирани еластични компресивни чорапи) за да ги носите, а кои ќе помогнат во намалување на отокот на ногата.
Ако ви треба третман за болката консултирајте се со вашиот матичен лекар или гинеколог.
Што треба да направите кога ќе почне породувањето?
Ако мислите дека се породувате не треба да примате повеќе инекции. Јавете се телефонски во најблиската болница и кажете им дека сте на третман со хепарин. Тие ќе ве советуваат што да правите.
Епидурална анестезија (регионална инјекција со анестетик која се дава во просторот околу нервите на вашиот грб за да не го чуствувате долниот дел на вашето тело) не може да се даде додека не поминат 24 часа од вашата последна ијекција со хепарин. Ќе ја имате опцијата за алтернативно намалување на болките.
Ако се планира провокација на породување треба да ги прекинете инјекциите 24 часа пред планираната дата.
Што ако имам царски рез?
Ако имате планиран царски рез, вашата последна инјекција со хепарин треба да ја примите 24 часа пред планираното породување. Хепаринот вообичаено ќе биде рестартиран за 4 часа од операцијата.
Ако е потребно вашето бебе да се роди со итен царски рез помалку од 24 часа од вашата последна инекција, нема да смеете да примате епидурална или спинална анестезија, наместо тоа ќе ви биде дадена општа анестезија за вашата операција.
Што се случува после породувањето?
Третманот треба да продолжи барем 6 недели по породувањето. Постои можност за подолг третман ако ДВТ или БЕ е дијагностицирана касно во бременост или после породувањето.
Постои можност за третман по породувањето или со продолжување на инјекции со хепарин или таблети варфарин. Вашиот доктор ќе дискутира за вашите опции со вас.
По породување ќе ви биде закажан преглед кај вашиот матичен лекар, акушер или хематолог. На тој преглед докторот ќе:
- праша за вашата фамилијарна историја на тромбоза и ќе дискутира за тестови за состојба која прави тромбозата да е поверојатна (тромбофилија)- овие тестови треба да бидат направени кога ќе престанете со третманот и идеално пред било која следна бременост.
- дискутира за опции на контрацепција- ќе бидете советувани да не земате било каква контрацепција која содржи естроген, како “комбинирана пилула”
- дискутира за следна бременост-вообичаено ќе ви биде препорачан третман со хепарин за време и после вашата следна бременост.
Дали може да дојам?
Да- хепаринот и варфарин се безбедни за време на доењето.