Обука за матични гиеколози за имплементација на Мастер планот за подобрување на перинаталната грижа

Во тек е имплементацијата на Мастер планот за подобрување на перинаталната грижа. Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари-МАГО во соработка со УНФПА и Комитетот за безбедно мајчинство ги продолжува предвидените активности во таа насока.

Овој план дава консолидиран сет на анализа на тековната организација на системот на перинаталната грижа низ целиот спектар на пружање на услуги, со истовремено предложување на перспективни препораки за подобрување на матерналните и неонатални здравствени исходи преку воспоставување на грижа која е соодветна на ризикот. Тоа овозможува рационализација и оптимизација на дадените услуги за мајчино и неонатално здравје со воспоставување на строг систем за обезбедување на квалитет и соодветна поддршка од системот за здравствени информации.

Мастер планот се фокусира на клучните стратешки области кои мора да бидат решени со цел да се постигнат поставените цели:

  • Пружање на услуги (вклучува организација на службата по нивоа на грижа, инфраструктура, опрема, човечки ресурси, транспорт и систем за упатување)
  • Квалитет на грижата и здравствените информатички системи

Жените треба да бидат охрабрени да имаат редовни антенатални контроли  и да го планираат  својот распоред на контроли за да можат да пристигнат во установа со соодветно ниво на перинатална грижа според својот степен на ризик.

Најмалку три клучни функции треба да се преземат и да се имплементираат од страна на перинаталната мрежа:

  • Да се креира одржлив и постојан проток на информации помеѓу различните страни во антенаталната, интрапарталната и постнаталната грижа за да се обезбеди континуитет на грижата за секоја бремена жена;
  • Да се воспостави „систем за поддршка“, каде што болниците од повисоко ниво (ниво II) ќе служат како „установа  за поддршка“ за установата за перинатална грижа од ниво I, матичните гинеколози и/или патронажните сестри;
  • Да се создаде мрежа на соработници во врска со квалитетот на услугите со цел здружување на напорите кон подобрување на антенаталната, интрапарталната и постнаталната грижа. Со оглед на фактот дека гинеколозите кои ја спроведуваат антенаталната здравствена заштита  се првиот сегмент каде се детектира ризикот, тие го проценуваат степенот на загрозеност на родилката/плодот и спроведуваат соодветно упатување за понатамошно следење на бременоста со што се обезбедува најдобар можен исход како за мајката, така и за новороденчето.

Обуката е според најновите препораки на СЗО и се однесува на  најновите протоколи и упатства во акушерството.

Обуката ќе ја одржат Проф. Д-р Ана Данева и Проф Д-р Глигор Тофоски од 14:30 часот на 21, 22 и 23 јуни 2022 година.

За таа цел,  Ве покануваме на online обука на 21, 22 или 23 јуни

Линк до обука 21 ЈУНИ, 14:30h
Линк до обука 22 ЈУНИ, 14:30h
Линк до обука 23 ЈУНИ, 14:30h
Вашето присуство регистрирајте го на следниот линк:
ЛИНК ЗА РЕГИСТРАЦИЈА НА ОБУКАТА

Со почит,
Проф. Д-р Глигор Тофоски