Почитувани колеги,
Со задоволство сакам да Ве информирам дека и оваа година традиционално по трет пат ќе ја одбележуваме Неделата на женско здравје со повеќе активности насочени кон едукација на колегите, но и кон запознавање на граѓаните со најновите новости поврзани со честите гинеколошки и акушерски состојби.
По тој повод ќе бидат организирани повеќе едукативни предавања, гостувања на телевизиски емисии но сепак централен настан ќе биде годишната конференција „Здравјето во фокусот на жената“ која ќе се одржи во периодот од 17-19 Мај во Хотел Doubletree by Hilton – Skopje.
Дел од предавањата ќе бидат на следниве теми:
- Улогата на вештачката интелегенција во гинекологија и акушерство и во методите на асистирана репродиукција – Проф. д-р Елена Џикова и Prof. Dr. Achilleas Papatheodorou
- Предизвиците на утерина трансплантација кај жени со утерин инфертилитет – Prof. Dr. Mats Brännström
- Обезитет во бременост / Матични клетки и обезитет- Prof. Dr. Frank Louwen
- Вакцинација во бременост – Проф. д-р Ратко Матијевиќ
Согласно вашите сугестии кажани во текот на минатогодишниот конгрес, овој пат темите ќе бидат поделени во неколку сесии кои ќе опфаќаат актуелни новости, презентирани од врвни експерти, а тоа ќе биде проследено со 30-40 минутна дискусија за да може да слушнеме најразлични мислења и пред аудиториумот да се споделат личните искуства.
Фотографии од Конференцијата: