Декември – месец за борба против ХИВ

На ден 20 – декември 2023 (среда) ќе се одржи настанот “Насмеј се и научи!” по повод 1-ви декември – Светскиот ден за борба против ХИВ и останатите сексуалнo преносливи инфекции. Овој настан го организира Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, поддржана од Фондот за население на Обедините Нации – УНФПА на Р.С.Македонија, Филозофски Факултет- Скопје. 

Настанот ќе биде во холот на Филозофски факултет – Скопје, со почеток од 18:00 часот.

Настанот е од едукативно забавен карактер со цел да се подигне свеста кај младите за превенција на сексуално преносливите инфекции, и значењето на редовната употреба на модерни контрацептивни методи –  презервативи.

Во првиот дел од настанот ќе се одигра кратката едукативно-забавна претстава, именувана „Предомислување“ во која двајца актери, Симона Спировска и Бојан Кирковски/Ненад Митевски ќе доловат секојдневен разговор на еден млад пар исполнет со бројни митови поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје, а докторот, специјалист по гинекологија и акушерство – Доц. Ирена Алексиоска Папестиев, ќе ги разбие митовите со факти, и ќе ги советува студентите како правилно да се грижат за своето сексуалното и репродиктивното здравје, и како да се заштитат од сексуално преносливи инфекции. 

Оваа претстава до сега се одигра во 10тина училишта низ нашата држава,  на македонски и албански јазик.

Вториот дел од настанот е предвиден за “Насмеј се и научи!”, на кој четри тима од четворица студенти , ќе се натпреваруваат на прашања за сексуално преносливи инфекции, и на забавен начин ќе се стекнат со нови знаења.

Водители на овој настан ќе бидат актерите Ненад Митевски, Симона Спировска и Бојан Кирковски.