Извештај за Мобилни Гинеколошки Амбуланти во период од март до јуни 2023

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО и Македонско Лекарско Друштво, во соработка со Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Црвениот крст на РСМ, и Фондот за население на Обединетите Наци (УНФПА) во текот на месец февруари направија мапирање и план со цел услугите на мобилната гинеколошка амбуланта да бидат пред се наменети за жени и девојки од социално-економските ранливи категори, жени и девојки кои живеат во тешко достапни области, и области каде што нема матичен гинеколог. 

Притоа, на 20-ти март мобилната гинеколошка амбуланта ги започна своите први теренски активности со посета на општината Македонска Каменица, општина во која нема матичен гинеколог

Во текот на месец април, услугите на мобилните гинеколошки амбуланти им беа достапни на жените и девојки од Богданци, и на неколку рурални села во општина Штип. 

Додека пак во мај и првата половина на месец јуни, мобилните гинеколошки амбуланти реализираа теренски посети во Кривогаштани и Долнени – Прилепско , Белчишта, општина Дебарца, охридско, Маврово и Ростуше, во ЈЗУ Психијатриска Болница “Скопје” – Бардовци, Скопје, Центарот за превенција и третман на болести и зависност од дрога и Казнено поправната установо Идризово. 

Сумирано, во период од 20-ти март до 10-ти јуни 2023 година, беа реализирани вкупно 53 теренски посети, преку кои беа опфатени 508 жени и девојки од области во кои нема матичен гинеколог. 

Притоа, од вкупниот број на прегледани пациентки најголем одзив има кај пациентките на возраст од 51 до 60 години, или 31%. Одзивот на младите девојки и жени на возраст од 15 до 30 години е околу 5,5%. 

Во прилог, процентуална застапеност според возраст:

Возраст:Процентуална застапеност:
15-305,5%    (28 пациентки)
31-4011%     (57 пациентки)
41-5024%     (122 пациентки)
51-6031%     (156 пациентки)
61-7020,5%  (104 пациентки)
> 718%        (41 пациентки)

Од обработените брисеви од конвенционалниот ПАП тест, кај 19 жени на просечна возраст од 47 години е утврден наод на епителна клеточна абнормалност асоцирана со ХПВ вирусна инфекција (наод за низок степен на сквамозна интраепителна лезија – LSIL, (HPV, CIN 1 цервицит)), при што дадена е препорака за ХПВ типизација и понатамошни редовни цитолошки и колпоскопски прегледи на 4 до 6 месеци. 

Возраст:Број на позитивни ПАП наоди: 
15 до 30 години1
31 до 40 години3
41 до 50 години8
51 до 60 години5
61 до 70 години2
Вкупно:19
ЛокацииРеализирани посетиПрегледани жени
КПУ Идризово438
Центарот за превенција и третман на болести и зависност од дрога36
Психијатриска Болница “Скопје”111
Кривогаштани663
Маврово и Ростуше890
Долнени787
Белчиште541
Македонска Каменица658
Богданци, гевгелиско1098
Штип316