На ден 1 декември (четврток) 2022 година во Хотел „DoubleTree by Hilton Skopje” од 20ч. ќе се одржи секцискиот состанок „Интимната грижа е новата само-грижа“, во организација на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонското мултидисциплинарно здружение на хуман микробиом поддржана од МартиАлко и акредитирана од МЛД и ЛКМ.
Регистрацијата за физичко присуство за овој состанок е веќе затворена.
Доколку сакате да го проследите состанокот онлајн повечете ЛИНК ДО ON-LINE СОСТАНОКОТ
Овој секциски состанок е бесплатен.
Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари редовно ги одбележува значајните денови за подигање на свеста на најразлични социјални теми па така ќе го одбележи и 3 Декември, денот на лица со попреченост со тоа што на вечерашниот настан ќе биде поставена кутија за донации. Средствата собрани од донациите ќе бидат наменети за доопремување на сензорната соба во ООУ „Кочо Рацин“- Скопје а со тоа ќе помогне побрзо да биде ставена во функција и оние дечиња кои имаат потреба да почнат да ја користат.
Ви благодариме однапред за вашата донација
* Сите регистрирани учесници ќе добијат сертификат за успешна завршено стручно усовршување во дигитален формат со уплатена котизација од страна на Македонско Лекарско Друштво.
Агенда
19:30 -19:55 | Регистрација |
20:00 – 20:05 | Отворање и поздравни обраќања |
20:05- 20:15 | Инфекции како значаен етиолошки фактор за инфертилитет, Проф. Д-р Глигор Тофоски, претседател на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари |
20:15 – 20:25 | Самогрижа за одржување на вагинален микробиом-колку е важна? Доц Д-р Корнелија Трајкова |
20:25- 20:35 | Машкото интимно здравје како дел од грижата за вагиналниот микриобиом Проф. Д-р Сотир Ставридис |
20:35-20:45 | Презентација на компанијата МартиAлко |
20:45- | Коктел забава со Лили Aкустик и DJ |