Панел дискусија: ”Обезбедување и почитување на човековите права во светот од 8 милијарди жители. Планирањето на семејството, како алатка за напредок”

На 15-ти ноември оваа година светското население ја достигна бројката од 8 милијарди жители.

По тој повод Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари, поддржана од Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) и Македонското лекарско друштво (МЛД), Ве канат да бидете наши гости на панел дискусија чија тема е:”Обезбедување и почитување на човековите права во светот од 8 милијарди жители. Планирањето на семејството, како алатка за напредок”, која ќе се одржи на 23.11.2022 година во конференциската сала на Холидеј Ин, со почеток од 11 до 13 часот (изјави за медиуми од 10:30 – 10:50).

Целта на оваа панел дискусија е заеднички, со носителите на одлуки, да ги утврдиме можностите за унапредување на постоечките политики и да инспирираме поголема соработка на национално, но и на меѓународно ниво преку размена на искуства во спроведувањето на програми на планирање на семејството во земјите во регионот. 

Планирањето на семејство е основно човеково право и еден од главните сегменти за постигнување на универзална здравствена заштита, која воедно нуди и просперитет на земјите и регионите, и подобар квалитет на животот на секој поединец на оваа планета. 

Но, дека луѓето во нашата држава имаат избор во текот на нивниот репродуктивен живот за модерна и ефикасна контрацепција; колку е таа приоритет за креаторите на политики и дали креирањето на политики е во чекор со општествените еволуции, во чекор со дигиталната ера; интернетот е прво место каде што младите бараат информации за контрацептивните методи, но дали во нашата држава е лесно да се најде точен, неосудувачки и лесно разберлив извор; како студентите и младите кои често имаат ограничени финансиски средства, да имаат пристап до контрацептивни средства кои во целост финансиски ќе ги покрие нашион здравствен систем; кои програмски елементи може да придонесат кон зголемувањето на пристапот до услугите за најранливите групи; како да се надминат долготрајните митови и погрешни перцепции за планирањето на семејството – се само дел од прашањата на кои ќе добиеме одговор од панелистите на првиот дел од панел дискусијата.

ПАНЕЛИСТИ: 

  • Иванка Стојаноски, Раководител на сектор, Одговорно лице на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата Министерството за здравство на РСМ,
  • Цвете Серафимовски, Директор на контрола – Фондот за здравствено осигурување на РСМ,
  • Министерството за образование/Биро за развој на образованието
  • Наташа Јанчиќ Менковски, новинар
  • Претставник од Фондот за население на Обединетите Нации (УНФПА)

            А, за тоа какви здравствени политики се креираат и имплементираат во земјите во регионот; колкава е стапка на преваленца на контрацептивни средства; какви кампањи се организираат со цел подигање на свеста на населението; дали се организираат обука за давателите на здравствени услуги и населението со цел да се надминат недостатоците на знаења за достапните контрацептивни методи; колку здравственото осигурување покрива од цените на контрацептивни средства кои се достапни во нивните држави, дали постојат посебни шеми за надомест за младите или која било друга ранлива група; дали итната контрацепција е достапна во аптеките во нивната држава – се само дел од прашањата на кои ќе добиеме одговор од панелистите во вториот дел од панел дискусијата. 

ПАНЕЛИСТИ: 

  • Доц. Др. Даниела Иванова Панова, специјалист по гинекологија и акушерство од РСМ, претседател на Македонското здружение за педијатриска и адолесцентна гинекологија
  • Примариус Доц. Др. Рахимич Хидајет, специјалист по гинекологија и акушерство од Босна и Херцеговина, 
  • Д-р Алба Мердани, специјалист по социјална медицина, вработена во Институт за Јавно здравје на Република Албанија
  • Д-р Зарифе Мифтари, програмски аналитиар за сексуално и репродуктивно здравје, УНФПА

Модератор: Билјана Дебарлиева


АГЕНДА

10:30-10:50 – Изјави за медиуми (Др. Афродита Шалја и Порф. Д-р Глигор Тофоски)

11:00- 11:05 – Поздравен збор, Проф. Д-р Глигор Тофоски –претседател на МАГО

11:05- 11:10 – Поздравен збор, Др. Афродита Шалја – Плавјанска – шефица на канцеларијата на УНФПА во РСМ

11:10-12:10 – Панел дискусија прв дел

  • Иванка Стојаноски, Раководител на сектор, Одговорно лице на Програмата за активна здравствена заштита на мајките и децата Министерството за здравство на РСМ,
  • Цвете Серафимовски, Директор на контрола – Фондот за здравствено осигурување на РСМ,
  • г-ѓа Ајше Ајрулаи, раководителка на сектор – Биро за развој на образованието
  • Наташа Јанчиќ Менковски, новинар

12:10 – 13:00 – Панел дискусија втор дел

  • Доц. Др. Даниела Иванова Панова, специјалист по гинекологија и акушерство од РСМ, претседател на Македонското здружение за педијатриска и адолесцентна гинекологија
  • Примариус Доц. Др. Рахимич Хидајет, специјалист по гинекологија и акушерство од Босна и Херцеговина,
  • Д-р Алба Мердани, специјалист по социјална медицина, вработена во Институт за Јавно здравје на Република Албанија
  • Д-р Зарифе Мифтари, програмски аналитиар за сексуално и репродуктивно здравје, УНФПА

Ве очекуваме!

Со почит, 

Проф. Д-р Глигор Тофоски,  Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари

Categories: Events, новости