Мобилната гинеколошка амбуланта – дел од “Програмата за рана детекција на малигните заболувања на Република Северна Македонија за 2024 година и спречување на ракот на грлото на матката” – изготвена од Министерството за здравство на Република Северна Македонија а во организација на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари, Македонско Лекарско Друштво, Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство Скопје и Црвен Крст на РС Македонија, во тек на 2024 година реализираше вкупно 74 теренски активности преку кои беа опфатени вкупно 766 девојки и жени од области/општини во Р. С. Македонија во кои нема матичен гинеколог.
Хронолошки редослед на реализираните теренски активности:
- Мобилната гинеколошка амбуланта (МГА) првите теренски активности ги започна во месец април, при што во општина Виница, во период од 19-ти до 26-ти април беа реализирани 4 теренски посети со кои беа опфати 50 жени и девојки од овој регион.
- За прв пат во Мобилната гинеколошка амбуланта беа прегледани жени со глувило од Прилеп и од Скопје со обезбедена толкувачка на самиот преглед, при што беа извршени 3 теренски активности беа опфатени 20 жени
- Услугите на МГА во временски период од 10-ти до 16-ти мај 2024 година им беа достапни и на девојките и жени – затворенички од Казнено Поправната Установо Идризово, при што низ 5 теренски активност беа опфатени 45 жени затворенички.
- Од 17-ти до 31-ви мај МГА преку 4 теренски активности во руралните области на општина Прилеп беа опфатени 38 жена и девојки од ромска етничка припадност (преку соработка со Ромскиот Ресурсен Центар и Здружението за перспективна интеграција и развор Рома Перспектив Прилеп).
- Во првата недела од јуни (од 4ти до 7-ми јуни), беа реализирани 4 теренски активности во општина без матичен гинеколог – Делчево, при што беа опфатени 34 девојки и жени.
- Во период од 30-ти септември до 14-ти ноември МГА 1 реализираше вкупно 31 теренска активност во општина Крушево, при што беа опфатени вкупно 356 жени и девојки од овој регион.
- МГА 2 во истиот временски период (од 15-ти октомври до 14-ти ноември) реализираше 21 теренска активност во општина Зрновце, при што беа опфати вкупно 216 жени и девојчиња од овој регион.
- Услугите на МГА им беа достапни и на 7 жени – корисници на дроги и сексуалните работници – во соработка со невладината организација ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.
Табеларен приказ на локациите, бројот на теренски активности и вкупен број на прегледани пациентки:
Локација: | Вкупен број на прегледани пациентки: | Теренски активности: |
Виница | 50 | 4 (19.04 – 26.04 2024год.) |
КПУ Идризово | 45 | 5 (10.05 – 16.05.2024год.) |
Прилеп | 38 | 4 (17.05 – 31.05. 2024год.) |
Прилеп –жени со глувило | 13 | 1 (31.05.2024) |
Скопје Жени со глувило | 7 | 2 (26.04.2024 и 10.05.2024) |
Делчево | 34 | 4 (4.06 – 7. 06.2024 год.) |
Крушево | 356 | 31 (30.09 – 14.11 2024год.) |
Зрновце | 216 | 21 (15.10 – 14.11.2024год.) |
ХОПС | 7 | 2 (19.09 – 20.09.2024год) |
Вкупно: | 766 | 74 |
Табеларен приказ на возрасната група на пациентки кои ги искористиле услугите на МГА:
Возраст на пациентката: | Број на прегледани пациентки: | Процентуална застапеност |
21-30 години | 52 | 6,8% |
31-40 години | 129 | 16,8% |
41-50 години | 189 | 24,6% |
51-60 години | 217 | 28% |
Над 61 години | 179 | 23% |
Вкупно: | 766 |
Од вкупниот број на прегледани пациентки најголем одзив има кај жените на возраст од 51 до 60 години – 28%.
Врз основа на цитолошката анализа на земените и обработени ПАП тестови (733) кај 12 пациентки (на просечна возраст од 42 години) е детектиран лесен степен на клеточна интраепителна неопластична лезија на цервиксот асоцирана со ХПВ инфекција (CIN1).
Кај една пациентка на 34 годишна востраст е детектирана висока премалигна интраепителна клеточни абнормалност асоцирани со ХПВ инфекцијата (CIN3).