Почитувани матични лекари и доктори по гинекологија и акушерство,
Ве повикуваме да се пријавите на еднодневната работилница „Семејно планирање – алатка за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје“ преку која ќе се стекнете со поголеми знаења за достапноста и примената на контрацептивните методи при советување во контекст на семејно планирање.
Работилницата ќе се одржи во ЕУ Info Куќите во Тетово, Битола, Велес и Струга во месец ноември и декември 2024. Фасилитатори на обуката ќе бидат Проф. д-р Глигор Тофоски, Доц. д-р Даниела Иванова Панова, Доц. д-р Миле Тантуровски и Асс. д-р Ива Панева од ЈЗУ ГАК Скопје.
Подолу можете да се регистрирате во градот кој што Ви одговара да присуствувате.
Обуката е дел од проектот „Сексуално и репродуктивно здравје“ акредитирана од Лекарска Комора, а во организација на Македонска асоцијација за гинеколози и опстетричари, Македонско здружение на детска и адолесцентна гинекологија и Македонско лекарско друштво, поддржана од Фондот за население на Обединети Нации – УНФПА.
АГЕНДА
1. – Претставување
2. – Модул 1 – Јавно здравствени аспекти на семејното планирање
Проф. д-р Глигор Тофоски
3. Модул 2 – Советување
Доц. д-р Даниелa Иванова Панова
4. – Модул 3 – Методи на семејно планирање
Доц. д-р Миле Тантуровски и Асс. Д-р Ива Панева
5. – Дискусија