Повик за ангажирање консултанти

Наслов на проектот: Преку знаење и ангажман – до зајакнување и учество (ЗАОУ)

Проектот „Преку знаење и ангажман – до зајакнување и учество (ЗАОУ)“ е заеднички проект на три агенции на Обединетите нации: УНФПА, УНИЦЕФ и УНДП, кој има за цел да ги промовира и унапреди правата на лицата со попреченост. Во втората година од проектот, предвидена е активност за подобрување на пристапноста до услугите за лицата со попреченост кои доживеале родово базирано насилство. 

Задача на консултантот: Повик за ангажман на тројца консултанти кои ќе бидат одговорни за спроведување на истражување за пристапноста на организациите и институциите кои нудат услуги за родово базирано насилство. Консултантите ќе играат клучна улога во оценувањето на пристапноста на објектите и нивната инклузивност за лицата со попреченост.

Одговорности:

  • Учество на подготвителни состаноци со УНФПА и проектниот тим пред почетокот на активностите.
  • Организирање на истражувањето преку посета на објекти и интервјуа со одговорни лица од институции и организации кои обезбедуваат услуги (ангажираното лице ќе биде одговорно за контактирање и директна комуникација со институциите и организациите, околу договарањето на посетите).
  • Спроведување на посети на лице место во објекти кои обезбедуваат услуги за родово базирано насилство.
  • Проценка на пристапност на објектите за лицата со попреченост по однапред подготвен формулар.
  • Подготвка на сеопфатни извештаи врз основа на проценките, идентификувајќи ги силните страни и областите за подобрување.
  • Анализирање на наодите и давање препораки за подобрување на пристапноста за лицата со попреченост.
  • Соработка со релевантните засегнати страни за да се соберат дополнителни сознанија и информации.

Квалификации:

  • Минимум средно образование; повисок степен на образование ќе се смета за предност.
  • Напредно познавање на прашања поврзани со попреченост и разбирање на предизвиците со кои се соочуваат лицата со попреченост.
  • Предност ќе биде претходно искуство во проценка на пристапноста во јавните установи, институции, хотели и останато и разбирање на потребите на лицата со попреченост.
  • Аналитички вештини и вештини за пишување извештаи.
  • Добри комуникациски и интерперсонални вештини (за подобра соработка со засегнатите страни).
  • Способност за самостојно работење и ефикасно исполнување на роковите на проектот.

Процес на пријавување: Заинтересираните кандидати се поканети да ја достават својата кратка биографија (CV) на официјалната е-маил адреса на Македонското здружение на гинеколози и опстетричари (МАГО) на contact@agom.org.mk Ве молиме наведете „Апликација за консултант – „Преку знаење и ангажман до зајакнување и учество (ЗАОУ)“ во насловот на е-поштата.

Краен рок за аплицирање: Крајниот рок за поднесување на апликациите е 18.09.2023 година.

Забелешка: Само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани за дополнително оценување и интервјуа. Се охрабруваат сите заинтересирани лица со попреченост да се пријават на огласот.

Categories: новости