Секциски состанок – Грижа на женско здравје во репродуктивен период

На ден 11 декември 2023 (понеделник), во ресторан „Воденица“ во Скопје ќе се одржи секцискиот состанок „Грижа на женско здравје во репродуктивен период“. Настанот е во организација на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонското мултидисциплинарно здружение за хуман микробиом (ММЗХМ), а со поддршка на Medis Consumer Health.

Настанот е акредитиран во Лекарска Комора и Македонско Лекарско друштво.

Доколку сакате да добиете сертификат потребно е да ја подмирите котизацијата за настанот која изнесува 300 денари и истата може да ја уплатите преку веб страницата КМЕ на МЛД или пак со уплата на трансакциската сметката – 270-0406786001-48 – Халк Банка со цел на дознака Котизација за „Грижа на женско здравје во репродуктивен период“ / МАГО-18.

Кликнете на линкот за да го пријавите вашето учество ПРИЈАВА

По завршување на секцискиот состанок ќе се одржи забава.

АГЕНДА

19:00-19:15 – Регистрација 

19:15- 19:20 – Обраќање на Проф. д-р Горан Димитров – Претседател на МЛД и модератор на настанот

19:20 – 19:25 – Обраќање на Проф. д-р Глигор Тофоски – Претседател на МАГО

19:25 – 19:40 – „Корелација на вагинален микробиом и Candida“ – Доц. д-р Корнелија Трајкова

19:40 – 19:55 – „Суплементација во бременост во модерното време“ – Доц. д-р Иво Ќаев

19:55-20:10 – Едноставен ефикасен и безбеден третман при вулвовагинална кандидијазав – Љубица Златановиќ

20:10 – 20:30 – Прашања и дискусија

20:30- Забава