„Задолжителна имунизација на деца во Македонија“

Почитувани колеги, 

Ковид пандемијата нè стави пред голем предизвик влијаеќи на опфатот со рутинската задолжителна имунизација на децата кој падна под 95% опфат што претставува ризик да ни се вратат болестите кои долго време не сме ги виделе во нашата пракса. 

Сите здравствени работници имаат важна улога во активна промоција на задолжителната имунизација на деца која претставува една од најголемите достигнувања на јавното здравство, претставува основна компонента на човековото право на здравје и е одговорност на поединецот, заедницата и државата. Сите имаме одговорност во промоција на имунизацијата и постигнување на 95% опфат со задолжителна имунизација.

Со цел на зајакнување на соработката помеѓу здравствените работници кои директно се вклучени во задолжителната имунизација и здравствените работници кои работат во примарна здравствена заштита и имаат директен контакт со родителите, Ве покануваме на стручен состанок подржан од Алкалоид Конс Дооел.

Стручен состанок „Задолжителна имунизација на деца во Македонија“ во организација на Здружението на специјалисти по семејна медицина – респираторна група

14 септември 2023 – 7even Weddings & Events, Штип 

31 октомври Хотел Панорамика, Скопје

21 ноември Битола

12 декември Хотел Сириус, Струмица

12.30-13.00Регистрација и кафе пауза
13.00-13.30Предизвици во задолжителната имунизација на деца во Македонија Проф Др Катарина Ставриќ, Медицински Факултет, Скопје
13.30-14.00Ефикасности и безбедност на вакцини од редовниот календар за имунизација со посебен осврт на РОТА, ММР и ХПВ вакцината Проф д-р Александра Грозданова, Фармацевтски факултет, Скопје
14.00-14.30Медицинско значење и безбедност на ХПВ вакцина Доц д-р Ирена Алексиоска Папестиев во Штип/ Проф д-р Горан Димитров во Скопје/ Проф д-р  Глигор Тофоски во Битола/ Доц д-р Игор Алулоски во Струмица
14.30Коктел

Стручниот состанок е акредитиран во ЛКМ.

Со почит,

Проф. д-р Катарина Ставриќ,
Здружение на специјалисти по семејна медицина – респираторна група

Categories: новости