Предизвици во детската и адолесцентната гинекологија

Почитувани колеги и пријатели,

Во детската и адолесцентна возраст промените на ниво на гениталиите се предмет на иследување од страна на гинеколозите, но истите најчесто прво биваат видени и евалуирани од страна на педијатрите или семејните лекари. Понатаму во дијагностиката  и третманот се вклучуваат и други специјалности како трансфузиолози, ендокринолози, детски хирурзи, радиолози, специјалисти по медицинска биохемија…

Ние како професионалци соработуваме на дневно ниво со цел повисок степен на квалитет на здравствена грижа за пациентките од оваа категорија.

Затоа формирањето на нашето здружение-Македонско Здружение за Педијатриска и Адолесцентна Гинекологија (МЗПАГ) доаѓа како круна на нашата вмреженост и потстрек за уште поголема и плодна соработка.

Особена чест ми претставува оваа можност да ве известам дека нашето младо здружение – Македонско Здружение за Педијатриска и Адолесцентна Гинекологија (МЗПАГ) ќе го одржи својот прв стручен состанок во просториите на Амфитеатарот при Деканатот на Медицинскиот факултет на ден 16.11.(среда) 2022 година  во 14 часот, и ќе имаме чест како поканет предавач да го видиме Генералниот секретар на FIGIJ (Fedaration Internationalle de Gynecology Infantile e Juvenile) Зоран Станковиќ, MD, PhD, IFEPAG.

На следниот линк може да се регистрирате за овој состанок: https://kme.mld.mk/course/2022mzpag1/

Ве очекуваме на состанокот,

Срдечно,

Доц д-р Даниела Иванова Панова

Претседателка на Македонското Здружение за Педијатриска и Адолесцентна Гинекологија МЗПАГ