Постерот и брошурата за контрацептивните средства се испечатени и доставени до докторите кои ја посетија обуката „Употребата на контрацептивните средства за унапредување на женското здравје“. Доколку не сте биле во можност да бидете присутни на оваа обука, можете слободно да ги испечатите овие материјали (линкови до припремите за печат се подолу) или пак да дигитално да ги проследите до вашите пациенти со скенирање на кодот. Ве повикуваме да го испечатите овој А4 лист и да го поставите во вашата ординација. (ЛИНК ДО КОДОТ)
КОНТРАЦЕПТИВНИ МЕТОДИ
Контрацептивни таблети
(комбинирана орална контрацепција)
- Секој ден по една таблета, во приближно исто време.
- За да не ги заборавиш, пиј ги пред појадок или пред спиење.
- 28 таблети ќе го регулираат твојот менструален циклус и ја намалуваат појавата на акни.
- Достапни се во сите аптеки, но може да ги набавиш само со лекарски рецепт од твојот матичен гинеколог или семеен доктор.
Контрацептивни инјекции
(инјектибилна хормонална контрацепција)
- Интрамускулна инјекција која се аплицира на 12 недели во надлактицата или во задникот
- „Невидлива е” и само ти знаеш дека користиш контрацептивна метода.
- Во нашата држава и покрај тоа што е регистрирана, сè уште не е достапна.
Контрацептивна лепенка
- Лепенка налик на фластер што треба да се залепи на кожата на надлактицата, стомакот, задникот или грбот.
- Секој ден проверувај ја лепенката за да бидеш сигурна дека сите рабови се залепени правилно.
- Секоја недела старата замени ја со нова.
Вагинален прстен
- Мал, флексибилен прстен што се става во внатрешноста на вагината и 24/7 ја превенира бременоста со ослободување хормон.
- Ги ублажува предменструалните (ПМС) симптоми и грчеви.
- Секој месец замени го стариот со нов.
Итна (посткоитална)
контрацепција „ден потоа”
- Најчесто е една таблета која треба да се испие во првите 72 часа од незаштитениот сексуален однос.
- Можеш да ја набавиш во аптеките со лекарски рецепт од твојот матичен гинеколог.
- Доколку имаш потреба повеќе од 2 пати во годината, консултирај се со матичниот гинеколог за друг метод на контрацепција.
- Можни несакани ефекти: главоболка, малаксаност, гадење, стомачни тегоби и оскудно генитално крвавење.
Имплант
- Невидливо и флексибилно
- Се поставува на внатрешната страна од надлактицата.
- Ефикасноста е и до 5 години од апликацијата.
Спирала
- Мала пластична интраутерина влошка со форма на буквата Т која се вметнува во внатрешноста на матката.
- Постојат два типa на спирала: бакарна (нехормонска) и хормонска.
- Нејзиното вметнување и отстранување го прави специјалист – гинеколог.
Coitus interruptus
– прекинат сексуален однос
- Природен, но и најнебезбеден метод на контрацепција при кој партнерот го извлекува својот полов орган од вагината пред да настане ејакулација.
- Пенисот и претсемената течност може да содржат сперматозоиди.
- Не штити од сексуално преносливи инфекции!
Кондоми
- Постојат два типа кондоми: машки (надворешен)
- и женски (внатрешен)
- Машките кондоми се лесно достапни во сите аптеки
- и маркети.
- Женските кондоми не се достапни во нашата земја.
- Кондомот се користи еднократно, само во текот на еден сексуален однос.
- Кондомите се единствената контрацептивна метода која штити од сексуално преносливи инфекции (СПИ).
Постер и брошура во формат за печатење
Тип контрацептивна метода: | Спирала | Хормонска спирала | Имплант | Контрацептивни инјекции | Контрацептивни таблети | Вагинален прстен | Контрацептивна лепенка | Женски (внатрешен) кондом | Машки (надворешен) кондом | Итна (посткоитална) контрацепција „ден потоа” | coitus interruptus Прекинат сексуален однос | Лактациска аменореја Контрацепција за време на доење |
Ефикасност: | 99% ефикасна | 99% ефикасна | 99% ефикасна | 99% ефикасна | 99% ефикасна | 91% ефикасна | 91% ефикасна | 79% ефикасна | 87% ефикасна | До 95% ефикасна доколку се земе во првите 24 часа од незаштитениот сексуален однос. | 80% ефикасна | 98% ефикасна во првите 6 месеци по породувањето |
Употреба: | Од 5 до 10 години од нејзината апликација | Од 5 до 7 години од | До 5 години од апликацијата | Од 8 до 12 недели | По една таблета – секој ден | Еден менструален циклус | Една недела | Еднократно, за еден сексуален однос | Еднократно, за еден сексуален однос | Еднократно по незаштитен сексуален однос. | При еден сексуален однос | При ексклузивно доење |
Опис на контрацепти-вната метода: | Мала интраутерина влошка најчесто обложена со бакар, со форма на буквата Т | Мала пластична интраутерина влошка која се вметнува во внатрешноста на матката каде што ослободува мала концентрација на хормон. | Мал, флексибилен поткожен имплант кој се аплицира поткожно, на внатрешната страна од надлактицата. | Пакување од 28 таблети. 21 до 24 хормонски активни теблети, и 4 до 7 | Мал, флексибилен прстен направен од силикон, кој поставен во внатрешноста на вагината ја превенира бременоста 24/7 со ослободување хормон. | Лепенка во форма на квадрат налик на фластер кој залепен на одредени делови од телото ослободува хормон. | Направен е од нитрилен (мека пластика) нелатексен дел, и прстен од полиуретан. | Постојат два типа кондоми: латексен и нитрилен кондом (нелатексен). | „Ден потоа” не е редовен контрацептивен метод, и треба да се користи само како итна форма на контрацепција во првите 72 часа од незаштитениот сексуален однос. | Природен метод на контрацепција при кој мажот го вади својот полов орган од вагината пред да настане ејакулација. | Доењето е природен, безбеден и бесплатен начин да се спречи нова бременост во првите 6 месеци од породувањето. | |
Информации | Нејзиното вметнување и отстранување го прави специјалист – гинеколог. | Нејзиното вметнување и отстранување го прави специјалист – гинеколог. | Неговото вметнување и отстранување го прави специјалист - гинеколог, неопходно е да направи мал хируршки рез на надлактицата. | Контрацептивната инјекција се аплицира интрамускулно од страна на матичниот гинеколог/ семеен доктор или медицинска сестра. | За да не заборавите да ја испиете таблетата секој ден, чувајте ја блиску до нешто што го користите секојдневно, како на пример: до четкичката за заби или полначот од вашиот мобилен телефон. | Поставувањето на вагиналниот прстен и неговото отстранување од вагината може да го направите самостојно. | Лепенката може да ја залепите сама на одредени делови од телото: на надлактицата, стомакот, задникот и грбот. | Внатрешните кондоми се поставуваат во внатрешноста на вагината пред почетокот на сексуалниот однос. | Надворешниот кондом се поставува на машкиот полов орган (пенис) во ерекција пред почетокот на сексуалниот однос. | Може да има помала ефикасност кај жени со телесна тежина поголема од 80 кг. | Пенисот и претсемената течност може да содржат сперматозоиди и пред ејакулација | Ефикасноста на методот се намалува со намалување на честотата на доење. ---- |
Достапност: | Бакарна спирала која можеш да ја набавиш од аптека, единствено со лекарски рецепт од твојот матичен гинеколог. | Хормонска спирала која можеш да ја набавиш од аптека единствено со лекарски рецепт од твојот матичен гинеколог. | Овој контрацептивен метод | Овој контрацептивен метод | Може да се набави од аптека единствено со лекарски рецепт од матичниот гинеколог или семејниот доктор. | Овој контрацептивен метод | Овој контрацептивен метод | Овој контрацептивен метод | Може да се набави без лекарски рецепт, на многу места | Овој контрацептивен метод | Бара доверба и посветеност од страна на двајцата партнери. Бесплатен и | Бесплатен и прифатлив за сите религиозни и културни заедници. |
Можни промени на менструалниот циклус: | Може да предизвика појава на нередовни менструални крвавења.Пообилни и подолготрајни менструални крвавења. | Може да предизвика појава на нередовни менструални крварења Го намалува времетраењето и количината на менструалните крвавења. | Може да предизвика појава на нередовни менструални крвавења Пообилни и подолготрајни, а може и целосно да ги прекине менструалните крвавења. | Може да предизвика појава на нередовни менструални крвавења Ја намалува должината | Ги регулира менс- труалните крвавења, најчесто предивикува пократко и пооскудно менструално крвавење и намален интензитет и ннамалување на предменструалните грчеви. | Ги регулира тешките и неправилни менструални циклуси. | Ги регулира тешките и неправилни менструални циклуси. | Не влијаа врз ритамот на менструалните циклуси. | Не влијае врз ритамот на менструалните циклуси. | Следниот менструален циклус може да започне порано, или подоцна, а менструалното крвавење може да е пообилно или пооскудно. | Не влијае врз ритамот на менструалните циклуси. | “Лактациска аменореја” Доењето ги намалува хормоните неопходни за раст, созревање и пукање на оваријалниот фоликул. |
Можни | Блага до умерена болка при нејзиното вметнување. Потенцирани менструални грчеви од 3 до 6 месеци по вметнувањето. НЕ штити од Сексуално преносливи инфекции (СПИ)! | Лесни несакани ефекти од хормонското дејство, но повеќето исчезнуваат по 3 до 6 месеци откако телото ќе се навикне дека спиралата е присутна во матката. НЕ штити од СПИ! | Kај дел од пациентките може да се појават симптоми како: главоболки, гадење, чувствителност во градите. | Kај дел од пациентките може да се појават симптоми како: | Kај дел од пациентките може да се појават симптоми како: | Kај дел од пациентките може да се појават симптоми како: | Алергиска реакција и иритација на надворешните генитални органи. | Алергиска реакција и иритација на надворешните генитални органи. | Главоболки, малаксаност, гадење, чувствителност во градите, оскудно генитално крвавење. | Нема несакани ефекти. | Нема несакани ефекти. | |
Бременост по престанок на употреба на контрацептивен метод: | Може да се забремени веднаш. | Може да се забремени веднаш. | Мже да се забремени веднаш. | Може да ја одложи плодноста 6 до 12 месеци по примањето на последната инјекција. | Може да се забремени веднаш | Може да се забремени веднаш | Може да се забремени веднаш | Може да се забремени веднаш | Може да се забремени веднаш | Може да се забремени веднаш | Може да се забремени веднаш | Плодноста се враќа веднаш по прекинување на ексклузивното доење. |
На следниот линк може да го погледнете видеото од секцискиот состанок
Овие едукативни материјали се поддржани од Фондот за население на Обединетите нации, УНФПА