„Fetal Medicine Foundation Training – North Macedonia”
Фондацијата за фетална медицина предводена од еминентниот професор д-р Кипрос Николаидес, на 11-ти март во амфитеатарот на Медицински факултет, Скопје и амфитеатарот на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, организираше теоретска и практична обука за здравствени работнци од Република Северна Македонија, кои вршат или планираат да вршат рутински ултразвучни антенатални прегледи во текот на првиот триместар (12-та гестациска недела) и вториот триместар (20-та до 24-та гестациска недела).
Македонската асоцијација за фетална медицина (МАФМ), поддржана од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) и Македонското Лекарско друштво (МЛД) во рамките на потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Грција, Министерството за здравство на Република Северна Македонија, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, организациски го поддржа овој настан.
Целта на теоретскиот дел на оваа обука е секој учесник да биде соодветно обучен да го препознае и процени ризикот од фетални неправилности, да ги препознае и потврди феталните неправилности, да даде детални информации за веројатните исходи, да ги сподели достапните избори со мајката (жената) и нејзиното семејство, да започне редовно и соодветно следење на бременоста, да препорача и примени соодветни терапевтски процедури (неопходни, in utero терапија), да ги процени и намали веројатните компликации од продолжување на бременоста и при породувањето и да овозможи планирање на породувањето во оптимално време со потребните услови за оптимална неонатална нега.
По завршувањето на практичниот дел од обуката секој учесник умее соодветно да го користи ултразвучниот апарат во насока да ја оптимизира сликата за прецизна и точна дијагноза, и ќе развие вештини за манипулација со сондата за ефикасно стекнување на дијагностички слики.
Обуката ја спроведуваа Проф д-р Kypros Nicolaides и Петја Чавеева, Марија Јанкова, Виолета Стратиева едукатори делегирани од Проф д-р Kypros Nicolaides, од Fetal medicine foundation – London