Ектопична бременост во ова упатство се смета секоја бременост која се вгнездува надвот од cavum uteri. Најголем дел од ектопичните бремености кои навремено се дијагностицирани се третираат успешно со минимално-инвазивна хируршка техника или со медикаментозен третман. Сепак, ектопичната бременост кај хемодинамски нестабилна пациентка е итна медицинска состојба која бара неодложна хируршка интервенција. Цел на упатството е да даде преглед на моменталните научни ставови за ектопиучна бременост, нејзиното навремено дијагностицирање и соодветен третман базирани на достапните медицински докази. Упатството е наменето за сите здравствени работници и соработници кои се инволвирани во грижата на пациентки кои се бремени, особено за гинеколози-акушери, дипломирани акушерки, радиолози и специјалисти по семејна медицина.
Линк до упатството
RCOG Green-top Guideline No. 21 – Diagnosis and Management of Ectopic Pregnancy