Традиционално симпозиумот Недела на женско здравје оваа година под мотото „Сакај се себе. Сакај го своето здравје!“ ќе се одржи во сабота на 17 мај 2025 во хотелот Холидеј Ин Скопје, и претставува уникатна можност да се собереме сите заедно на едно место, да поразговараме за актуелните теми по гинекологија и акушерство и да се дружиме.
За прв пат презентацијата на темите и дискусијата ќе бидат многу поинтерактивни со ставови за поддршка и против употребата на определени медицински методи, средства, лекови и терапии. Целта ни е да ги поттикнеме вашите отворени дискусии на определени теми, а еминентните предавачи Ви ги приближат најновите сознанија од областа.
Би сакале што поголем број од вас да се пријават за учество за да може да се подигне нивото на дискусијата, а и што поголем број од Вас да добијат правилни и точни медицински информации.
Да Ве потсетиме дека ваков тип на симпозиум и пријавените апстракти носат многу вредни бодови за акредитацијата во МЛД и ЛКРСМ (овој симпозиум носи 11 бода).
Знаеме дека дел од вас се презафатени и некои од многуте обврски Ве оневозможиле до сега да формално се пријавите (иако повеќето усно го потврдија своето учество) затоа до 27 април 2025 год ќе важи намалената котизација и пријавување на апстракти (максимум до седум апстракти).
Оваа средба не е само научна, не е само стручна туку и колегијално обединување на сите лекари гинеколози акушери во земјава и секако сем времето за дискусија ќе организираме и социјално дружење.
Многу ми е драго што со големи напори наместо еднаш во четри години, се дружиме секоја година и остануваме во контакт.
Искрено ваш,
Проф. д-р Глигор Тофоски линкови слика чланарина
АГЕНДА
08:30-09:00 Регистрација
09:00-09:30 Воведно обраќање и отворање на настанот
09:30-10:40 “Сесија 1 – ХПВ вакцинација и асоцирани болести- вистини и митови”
10:40-11:10 Симпозиум 1
11:10 – 11:30 Кафе пауза
11:30- 12:40 “Сесија 2 – Употреба на Урогинеколошки траки VS Ласерски и лапароскопски третман на урогинеколошки состојби”
12:40 – 13:10 Симпозиум 2
13:10-14:10 Ручек
14:10-15:20 “Сесија 3 – Реална потреба од супортивна и додатна терапија пред и после IVF?”
15:20-15:50 Симпозиум 3
15:50 – 16:20 Кафе пауза
16:20-17:30 “Сесија 4 – Ултразвучен фетален скрининг и PRISCA VS Неинвазивна пренатална дијагностика “
Годишната членарина е со важност од месец јануари до месец декември во тековната година и истата можете да ја уплатите на следните три начини:
– онлајн на следниот линк https://mld.mk/pay/018mago/ ,
– на уплатница линк до уплатница:
– или со пристапница на 12 месечни рати по 100 денари месечно со одбивање од плата (https://agom.org.mk/wp-content/uploads/2022/08/Pristapnica-MAGO-_2022.pdf – потполнетата пристапница доставете ја во службата во установата каде што работите)