Почитувани,
Ве информираме дека на ден 5 март 2025 во Скопје во организација на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонско здружение за перинатологија ќе се одржи секцискиот состанок „Ултразвучна дијагностика на плацентарните состојби и поврзаност со перипартални крварења“.
Секцискиот состанок е регистриран во МЛД/ЛКРСМ и носи соодветен број на бодови. Секој кој ќе се пријави и ќе дојде на состанокот ќе добие сертификат.
Агенда
18:00-18:15 Ултразвучно следење на плацентата – Проф. Д-р Иво Ќаев
18:15-18:30. Плацента, еден орган за два живота– VASA PRAEVIA I PLACENTA ACCRETA – Проф. Д-р Игор Самарџиски
18:30-18:45 Постпартална хеморагија – ризик фактори, првенција и современ третман – Проф. Д-р Глигор Тофоски
18:45-19:00 – Реанимација и хемостатска подршка кај постпартални крвавења – Проф. Д-р Атанас Сивевски
19:00 – 19:15 – Потребата од фактори на коагулација како концентрати во менаџирање на крвавењата – Др. Билјана Цекова Тимовска
19:15 – Коктел
Состанокот е поддржан од Октафарма.

Следната активност на МАГО ќе биде во тек на Неделата на женско здравје каде се планирани повеќе активности во медиумите за подигнување на здравствената едукација, дебата со сите релевантни чинители, во однос на превенцијата, дијагнозата и третманот на најчестите женски состојби и заболувања и централниот настан Симпозиум под мототот „Сакај се себе. Сакај го своето здравје!“ кој ќе се одржи на 17 мај 2025 во Хотел Холидеј Ин Скопје. На симпозиумот ќе бидат презентирани новости од областа на гинекологијата, перинатологијата и репродуктивната медицина. И оваа година, во рамките на настанот ќе имате можност да пријавите ваш апстракт кој дополнително ќе ви донесе бодови.
Симпозиумот ќе биде акредитиран во МЛД и ЛКРСМ со 11 бодови, а ќе бидат објавени вашите пријавени трудиви во зборникот на абстракти.
Веб страницата каде што можете да се пријавите https://whw.agom.org.mk/

Оваа година на 13 април 2025 година Авицена ја организрира Женската трка, а МАГО како и минатите две години ќе се претстави со свој тим на тркачки. За таа цел, скоја една од вас која сака да се приклучи може да се пријави на следниот линк најдоцна до 1 март 2025.