Мобилна гинеколошка абмуланта 2024

Мобилната гинеколошка амбуланта – дел од “Програмата за рана детекција на малигните заболувања на Република Северна Македонија за 2024 година и спречување на ракот на грлото на матката” – изготвена од Министерството за здравство на Република Северна Македонија а во организација на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари, Македонско Лекарско Друштво, Универзитетска Клиника за Гинекологија и Акушерство Скопје и Црвен Крст на РС Македонија, во тек на 2024 година реализираше вкупно 74 теренски активности преку кои беа опфатени вкупно 766 девојки и жени од области/општини во Р. С. Македонија во кои нема матичен гинеколог.

Хронолошки редослед на реализираните теренски активности:

  • Мобилната гинеколошка амбуланта (МГА) првите теренски активности ги започна во месец април, при што во општина Виница, во период од 19-ти до 26-ти април беа реализирани 4 теренски посети со кои беа опфати 50 жени и девојки од овој регион.

  • За прв пат во Мобилната гинеколошка амбуланта беа прегледани жени со глувило од Прилеп и од Скопје со обезбедена толкувачка на самиот преглед, при што беа извршени 3 теренски активности беа опфатени 20 жени 
  • Услугите на МГА во временски период од 10-ти до 16-ти мај 2024 година им беа достапни и на девојките и жени – затворенички од Казнено Поправната Установо Идризово, при што низ 5 теренски активност беа опфатени 45 жени затворенички.
  • Од 17-ти до 31-ви мај МГА преку 4 теренски активности во руралните области на општина Прилеп беа опфатени 38 жена и девојки од ромска етничка припадност (преку соработка со Ромскиот Ресурсен Центар и Здружението за перспективна интеграција и развор Рома Перспектив Прилеп).
  • Во првата недела од јуни (од 4ти до 7-ми јуни), беа реализирани 4 теренски активности во општина без матичен гинеколог – Делчево, при што беа опфатени 34 девојки и жени.
  • Во период од 30-ти септември до 14-ти ноември МГА 1 реализираше вкупно 31 теренска активност во општина Крушево, при што беа опфатени вкупно 356 жени и девојки од овој регион.
  • МГА 2 во истиот временски период (од 15-ти октомври до 14-ти ноември) реализираше 21 теренска активност во општина Зрновце, при што беа опфати вкупно 216 жени и девојчиња од овој регион.
  • Услугите на МГА им беа достапни и на 7 жени – корисници на дроги и сексуалните работници – во соработка со невладината организација ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Табеларен приказ на локациите, бројот на теренски активности и вкупен број на прегледани пациентки:

Локација:Вкупен број на прегледани пациентки:Теренски активности:
Виница  50  4     (19.04 – 26.04 2024год.)
КПУ Идризово  45  5     (10.05 – 16.05.2024год.)
Прилеп 38  4     (17.05 – 31.05. 2024год.)
Прилеп –жени со глувило13  1 (31.05.2024)
Скопје Жени со глувило 7  2 (26.04.2024 и 10.05.2024)
Делчево  34  4     (4.06 – 7. 06.2024 год.)
Крушево35631     (30.09 – 14.11 2024год.)  
Зрновце21621     (15.10 – 14.11.2024год.)  
ХОПС    7  2     (19.09 – 20.09.2024год)
Вкупно:76674

Табеларен приказ на возрасната група на пациентки кои ги искористиле услугите на МГА:

Возраст на пациентката:Број на прегледани пациентки:Процентуална застапеност
21-30 години52  6,8%
31-40 години12916,8%
41-50 години18924,6%
51-60 години21728%
Над 61 години17923%
Вкупно:766 

Од вкупниот број на прегледани пациентки најголем одзив има кај жените на возраст од 51 до 60 години – 28%.

Врз основа на цитолошката анализа на земените и обработени ПАП тестови (733) кај 12 пациентки (на просечна возраст од 42 години) е детектиран лесен степен на клеточна интраепителна неопластична лезија на цервиксот асоцирана со ХПВ инфекција (CIN1).

Кај една пациентка на 34 годишна востраст е детектирана висока премалигна интраепителна клеточни абнормалност асоцирани со ХПВ инфекцијата (CIN3).