ХПВ вакцинација и ХПВ инфекции: Што треба да знаат родителите?

Факти за ХПВ вакцината

  • На светско ниво вакцинацијата е започната 2006 година, а во РС Македонија 2009 година.
  • Вакцинацијата во РС Македонија е бесплатна.
  • Дел е од редовниот имунизациски програм.
  • За девојчиња и момчиња на возраст од 12 години или 7мо одделение, кои  можат бесплатно да ја примат до 19 години, а потоа до 45 годишна возраст со парична надомест.
  • 9- валентна вакцина ( содржи антигени за ХПВ тип 6, 11, 16, 18, 31, 33, 45, 52, 58 )
  • До 15 годишна возраст се вакцинира со две дози (на 6 месеци), над  15 години со три дози (по два, па по 6 месеци)
  • ХПВ вакцината превенира повеќе од 90 % од малигните болести кои се поврзани со ХПВ инфекција.

Categories: новости