Најчести прашања и одговори околу ХПВ вакцината
- Зошто вакцинацијата против ХПВ се спроведува во VII одделение или 12 годишна возраст? Нели е тоа рано?
- Вакцинацијата се препорачува да се спроведе пред стапување во сексуални односи и со вакцинирањето во помала возраст се стекнува подобар имунолошки одговор на организмот.
- Колку долго трае заштитата од вакцината?
- Досегашните истражувања велат дека титарот на антитела во крвта е задоволителен и повеќе од петнаесет години по апликација.
- Дали со вакцината може детето да се зарази со вирусот?
- Вакцината не го содржи вирусот , таа содржи антигени или честички слични на вирусот кои го поттикнуваат имуниот систем да произведува антитела.
- Какви нуспојави има од вакцината?
- Најчести нуспојави се болка, црвенило и оток на местото на убод, покачена телесна температура, главоболка, замор, мачнина, болка во мускули или зглобови.
- Дали после вакцината детето може да добие „ погрешна“ порака во однос на „слободно“ сексуално однесување?
- Од спроведените истражувања до сега нема поврзаност помеѓу вакцинацијата и порано стапувањево сексуални односи, но има поврзаност со подобра информираност, освестеност и одговорност за ризиците на сексуално преносливите инфекциии незаштитени односи.
- Ако се вакцинира моето дете дали е возможно да има проблеми со способноста за остварување на бременост во иднина?
- Не постојат такви податоци во однос на вакцината, но, ако има премалигна лезија асоцирана со ХПВ инфекција која е третирана со одреден тип на операција , може да има влијание на плодноста.
- Ако се вакцинираат девојчињата, тогаш дали има потреба од вакцинирање на момчињата?
- Податоците велат дека лицата од машката популација почесто се инфицираат со ХПВ и тоа се вели дека секој трет маж над 15 годишна возраст има ХПВ, а секој петти има високо ризичен ХПВ.
- Податоците велат дека лицата од машката популација почесто се инфицираат со ХПВ и тоа се вели дека секој трет маж над 15 годишна возраст има ХПВ, а секој петти има високо ризичен ХПВ.