Што треба да знаете за инфекциите со хуман папилома вирусот (ХПВ)?
- ХПВ е вирус кој често се пренесува преку контакт со кожа, и тоа најчесто по интимен и сексуален пат, може и од мајка на новороденче.
- Најчесто ги засега младите лица веднаш по стапување во сексуални односи.
- Најголем процент на ХПВ инфекции се кај млади лица до 25 годишна возраст.
- Постојат околу 200 различни типови на вирусот.
- Повеќето типови на вирусот предизвикуваат доброчудни промени, како генитални брадавици- кондиломи и тие се наречени ниско ризични типови на ХПВ
- Еден дел од нив се тнр. високо ризични типови, како типовите 16, 18, 31, 33, 45, 52, 58 и др.
- Овие високо ризични типови на ХПВ можат да предизвикаат:
- рак на грлото на матката, вагината и вулвата кај жената
- рак на пенисот кај мажите
- рак на анусот кај мажите и жените
- рак на крајници, рак на базата на јазикот и рак на грлото кај мажите и жените.
- Околу 80% од сексуално активните возрасни лица ќе се заразат со ХПВ во некој момент од нивниот живот.
- Можноста за заразување многу малку зависи од тоа дали постои ризично однесување во однос на сексуалните активности.
- Повеќето ХПВ инфекции спонтано се чистат од организмот по две години.
- Оние ХПВ инфекции кои ќе останат предизвикуваат премалигни промени-лезии на слузницата на органот засегнат кои подоцна можатда еволуираат во малигна болест.