„Семејно планирање – алатка за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје“

Почитувани матични лекари и доктори по гинекологија  и акушерство,

Ве повикуваме да се пријавите на еднодневната работилница „Семејно планирање – алатка за унапредување на сексуалното и репродуктивно здравје“ преку која ќе се стекнете со поголеми знаења за достапноста и примената на контрацептивните методи при советување во контекст на семејно планирање.

Работилницата ќе се одржи во ЕУ Info Куќите во Тетово, Битола,  Велес и Струга во месец ноември и декември  2024. Фасилитатори на обуката ќе бидат Проф. д-р Глигор Тофоски, Доц. д-р Даниела Иванова Панова, Доц. д-р Миле Тантуровски и Асс. д-р Ива Панева од ЈЗУ ГАК Скопје.
Подолу можете да се регистрирате во градот кој што Ви одговара да присуствувате.

Обуката е дел од проектот „Сексуално и репродуктивно здравје“ акредитирана од Лекарска Комора, а во организација на Македонска асоцијација за гинеколози и опстетричари, Македонско здружение на детска и адолесцентна гинекологија и Македонско лекарско друштво, поддржана од Фондот за население на Обединети Нации – УНФПА.

АГЕНДА

1. – Претставување

2. – Модул 1 – Јавно здравствени аспекти на семејното планирање

Проф. д-р Глигор Тофоски

3. Модул 2 – Советување

Доц. д-р Даниелa Иванова Панова

4. – Модул 3 – Методи на семејно планирање

Доц. д-р Миле Тантуровски и Асс. Д-р Ива Панева

5. –  Дискусија