Одредени аспекти на перинаталното здравје во Македонија

Почитувани колеги,

На ден 02.11.2024 година (сабота), со почеток во 11 часот, во салата на ресторан Воденица во Скопје ќе се одржи секцискиот состанок „Одредени аспекти на перинаталното здравје во Македонија“, на кој ќе се дискутира на актуелни теми поврзани со перинаталното здравје и интрапарталната грижа. Состанокот е поддржан од Фондот за население на Обединети Нации (УНФПА)

Состанокот е акредитиран во МЛД и ЛКРСМ и носи 4 бода за слушател и 6 бода за предавач.

РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО УЧЕСТВО
Дневниот ред за состанокот е следниот:

10.45-11.00 Регистрација на учесниците

11.00-11.05 Тековни работи поврзани со МАГО

11.05-11.30 Презентација на последниот извештај за перинатален морталитет во РС Македонија – Проф.д-р Глигор Тофоски, Проф.д-р Елизабета Зисовска

11.30-11.55 Евалуација на перинаталната нега во породилиштата во РС Македонија, Проф.д-р Ана Данева, Проф.д-р Елизабета Зисовска

11.55-12.15 Презентацијата на ревизијата на Упатството за постпартална хеморагија – Доц.д-р Ива Малахова- Ѓоревска

12.15- Дискусија на тема перинаталната грижа и улогата на матичниот гинеколог

Закуска и освежување

Очекуваме голем интерес од Ваша страна за горенаведените теми.

Претседател на МАГО

Проф.д-р Глигор Тофоски