Стручен состанок „Една вакцина за сите“

Куманово, ресторан Грација, 15.10.2024 година (вторник)

Почитувани колеги, како резултат на соработката на Комисија за имунизација при Министерство за здравство и Центар за семејна медицина Медицински Факултет, со цел воведување на 9 валентна ХПВ вакцина во редовниот вакцинален календар, ќе ни биде чест да ве поканиме на стручен состанок „ЕДНА ВАКЦИНА ЗА СИТЕ“ која е наменета за матични лекари, педијатри и гинеколози.

Настанот е поддржан од Алкалоид Конс ДООЕЛ Скопје акредитирана од Лекарска Комора со 4 бода.

ВЕ МОЛИМЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДА ГО НАЈАВИТЕ ВАШЕТО ПРИСУСТВО НА semejnamedicina@medf.ukim.edu.mk

АГЕНДА

14.00-14.30 Регистрација

14.30-15.00 Опфат со задолжителната имунизација на деца во Македонија за 2023 година со осврт на ХПВ вакцина

Проф. Др Катарина Ставриќ -Медицински Факултет, Скопје

15.00-15.30 Медицинско значење и безбедност на ХПВ вакцина

Проф. д-р Александра Грозданова – Фармацевтски факултет, Скопје

15.30-16.00 ХПВ асоцирани заболувања

Д-р Георги Костадинов ,
Пзу Гинолабор – Куманово

16.00 Коктел

Со почит,

Проф д-р Катарина Ставриќ

Центар за семејна медицина, Медицински Факултет Скопје