Состанок на МАГО за тековните организациски работи – 11 јули 2024

ЛИНК ДО ОНЛАЈН СОСТАНОКОТ НА ZOOM

Почитувани колеги,

Да Ве потсетам дека следниот секциски состанок на МАГО ќе се одржи на ден 11.07.2024 година (четврток), со почеток во 19 часот, во салата на ресторан Воденица во Скопје, после кој ќе следи пригоден коктел и социјална дружба. Со оглед дека дел од колегите можеби нема да можат физички да присуствуваат, состанокот ќе биде пренесуван и електронски On-line.

Дневниот ред за состанокот е следниот:

18.45-19.00 Регистрација на учесниците

19.00-19.10 Обраќање на претседателот на МАГО

19.10-19.30 Тематски дел за активностите на здружението- избор на раководство на МАГО

19.30-19.45 Презентација на извештајот за перинатален морталитет во РС Македонија, Проф. Глигор Тофоски-Проф. Елизабета Зисовска

19.45-20.00 Презентација на евалуацијата на породилиштата во Македонија, Проф. Ана Данева -Проф. Елизабета Зисовска

20.00-20.15 Презентацијата на ревизијата на Упатството за постпартална хеморагија,  Др. Ива Малахова- Ѓоревска

20.15-20.30 Презентација на првата платформа за вештачка интелегенција во гинекологијата- „АНА“-Dr. Zahid Khan MRCOG

20.30- Коктел и социјална дружба

Во периодот предвиден за кандидатура има пријавен само еден кандидат за избор за претседател- Проф. д-р Глигор Тофоски.

Во однос на предлозите за УО предложени се Проф.д-р Горан Димитров, Проф.д-р Ана Данева, Проф.д-р Елена Џикова, Доц.д-р Роса Наумовска, Доц.д-р Флорин Бесими, Д-р Димитар Гетов, Д-р Башким Исмалили, Д-р Емилија Трајковска, Др. Мухамед Асани, Д-р Александра Андоновска и Д-р Бобан Сарџовски.

МАГО во изминатиов период беше организатор на повеќе КМЕ активности, како што се минатогодишниот 5-ти Меѓународен Конгрес, овогодинешната Меѓународна Конференција за здравјето на жената, како и на многу секциски состаноци од различни области. Во однос на другите активности досега беше најактивно во областа на сексуалното и репродуктивно здравје и превенција на гинеколошките заболувања (менаџирање на мобилните амбуланти во руралните средини, предавања и кампањи за СРЗ за млади и населението, едукација за работа со лица со попреченост), меѓутоа се увиде потребата да се прошират активностите и на другите полиња на нашата гинеколошко акушерска пракса.

Затоа на предлог на претседателот на МАГО, а поддржано од УО ќе се формираат неколку комисии за кои ќе се предложат само претседателите, а составот ќе биде оформен во координација со раководството на МАГО:

Комисија за третман на гинеколошки- онколошки заболувања– Проф.д-р Игор Алуловски,

Комисија за превенција на гинеколошки заболувања– Проф.д-р Ирена Алексиоска-Папестиев,

Комисија за третман на урогинеколошки заболувања– Проф. Д-р Сашо Стојчевски,

Комисија за Интрапартална грижа– Доц.д-р Горан Кочовски,

Комисија за Антепартална грижа- Д-р Димитар Гетов,

Комисија за тазова статика– Проф. Д-р Драге Дабески,

Комисија за континуирана медицинска едукација– Проф. Д-р Јадранка Георгиевска,

Комисија за научно-истражувачка работа– Проф.д-р Елена Џикова,

Комисија за подобрување на антенатална соработка и евиденција– Д-р Борислава Спироска,

Комисија за Специјализантска едукација– Д-р Ана-Марија Кувенџиева.

Во однос на техничкиот дел на состанокот, членовте за МАГО кои ќе гласаат on-line ќе го остварат своето право од 12 часот на 10 јули до 12 часот на 11 јули со гласање по добиениот mail на платформата – ElectionBuddy , а најдобро е да присуствувате лично, да се подружиме и да гласате на состанокот лично.

Колегијални поздрави.

Претседател на МАГО,

Проф.д-р Глигор Тофоски