Сумарен извештај за Мобилни Гинеколошки Амбуланти за 2023 година

Сумарен извештај за Мобилни Гинеколошки Амбуланти за 2023 година

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, во соработка со Министерството за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Црвениот крст на РСМ, и Фондот за население на Обединетите Наци (УНФПА) по направеното мапирање и план со цел услугите на мобилната гинеколошка амбуланта да бидат пред се наменети за жени и девојки од социално-економските ранливи категори, жени и девојки кои живеат во тешко достапни области, и области каде што нема матичен гинеколог, во тек на 2023 година овозможија мобилните гинеколошки амбуланти да реализираат вкупно 60 теренски посети, преку кои беа опфатени 560 жени и девојки од општини во кои нема матичен гинеколог. 

  1. Табеларен приказ на општини опфатени со МГА
Општини: 
Македонска Каменица
Богданци
рурални области на општина Штип
Кривогаштани и Долнени – прилепско
Белчишта, општина Дебарца – охридско
Маврово и Ростуше
Берово

Покрај теренски посети во горенаведените општини, мобилните гинеколошки амбуланти им беа достапни на девојките и жени хоспитализирани во ЈЗУ Психијатриска Болница “Скопје” – Бардовци, Скопје, корисничките на услугите на Центарот за превенција и третман на болести и зависност од дрога и девојките и жени затворенички од Казнено поправната установо Идризово. 

Притоа, од вкупниот број на прегледани пациентки најголем одзив имало кај пациентките на возраст од 51 до 60 години, или 30%. 

Одзивот на младите девојки и жени на возраст од 15 до 30 години е околу 5%. 

  1. Табеларен приказ на процентуална застапеност според возраст:
Возраст:Процентуална застапеност:
15-30                    5%     (29пациентки)
31-40                  12,5%  (70пациентки)
41-5025%     (138пациентки)
51-60                  30%     (172пациентки)
61-70                  20%     (110пациентки)
> 71                    7,5%  (41пациентки)

1.1 Графички приказ на процентуална застапеност според возраст: 

Од обработените брисеви од конвенционалниот ПАП тест, кај 21 девојка и жени е утврден наод на епителна клеточна абнормалност асоцирана со ХПВ вирусна инфекција (наод за низок степен на сквамозна интраепителна лезија – LSIL, (HPV, CIN 1 цервицит)), при што дадена е препорака за ХПВ типизација и понатамошни редовни цитолошки и колпоскопски прегледи на 4 до 6 месеци. 

  1. Табеларен приказ на позитивни наоди и возраст
Возраст:Број на позитивни ПАП наоди: 
15 до 30 години1
31 до 40 години4
41 до 50 години9
51 до 60 години5
61 до 70 години2
Вкупно:21

1.2 Графички приказ на позитивни наоди според возраст: