Матични клетки, современа технологија и можности – секциски состанок 26 април 2024, Прилеп

Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари со Интердисциплинарното здружение на лекари за добра клиничка пракса, на ден 26.04.2024 од 13:00часот, во хотелот Салида во Прилеп, ќе одржи секциски состанок на тема: „Матични клетки, современа технологија и можности“. Сите заинтересирани може да го пријават своето учество на овој линк: https://forms.gle/htiN6X4rRrTSeYZk9, а доколку сакате да добиете сертификат котизацијата во износ од 300 денари може да ја подмирите на следниот линк: https://kme.mld.mk/product/2024mago-1/

АГЕНДА

13.00-13.30     Регистрација на учесниците

13.30-13:50 Поздравно обраќање и презентација ,,Потенцијалот на матичните клетки  во      гинекологијата’’ – проф. д-р Глигор Тофоски, специјалист гинеколог во ЈЗУ УК за гинекологија и акушерство и претседател на МАГО

13:50-14:10 Поздравно обраќање, претставување на здружението ИЗЛДКП и   презентација ,,Практикување медицина базирана на докази’’- проф. д-р Силвана Јованова, специјалист кардиолог во ЈЗУ УК за кардиологија и претседател на ИЗЛДКП

14:10-14:30 ,,Улогата на гинекологот во процесот на складирање матични клетки’’- д-р Ана Вангелов, специјалист гинеколог во ПЗУ ,,Плодност’’ (член на МАГО)

14.30-14.45    ,,Потенцијалот на матичните клетки од папочна врвца’’ – проф. д-р Елизабета Зисовска, специјалист педијатар  (член на ИЗЛДКП)

14:45-15:00 ,,Матични клетки за подобрување на третманот на невроразвојните нарушувања’’- прим. м-р д-р Габриела Тавчиоска, супспецијалист по педијатриска неврологија во Општа болница со проширена дејност Прилеп (член на ИЗЛДКП)

15:00-15:15  ,,Нова технологија за обработка на матични клетки – TotiCyte’’ – д-р Нурсел    Мемед Цастилло, официјален застапник на  Cells4Life

15:15-16:30 Дискусија и коктел