FMF course – Placental and fetal Doppler assessment (15 December 2023)

АГЕНДА

Friday

12:30-13:00 – Registration and welcome coffee

13:00-13:15 Overview. Ana Daneva

13:15-13:40 First trimester Doppler assessment (TR, DV, UtPI and fetal heart).  Petya Chaveeva 

13:40-14:00 Second trimester Doppler assessment. Fetal and placental tumors. Themistoklis Dagklis  

14:00-14:30 Doppler assessment in fetal anemia. Congenital Infections and Rh isoimmunization. Petya Chaveeva 

14:30-15:00 Lunch break

15:00-15:45 Special lecture: Professor Nicolaides

15:45 -16:15  Fetal growth restriction. Screening, diagnosis and management. Themistoklis Dagklis 

16:15-16:45 Fetal Dopplers in twins. Petya Chaveeva 

16:45-17:30 Case discussion. (interesting cases, videos and discussion between us with interaction with the audience)

Petya and Themis 

17:45-18:00 Advancement of Artificial Intelligence in Obstetrics: Pioneering the Future of Health care- Elena Dzikova

Почитувани колеги,

Македонската асоцијација за фетална медицина – МАФМ и Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, поддржана од Македонското лекарско друштво – МЛД и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари – МАГО, на 15-ти декември, во Hotel Double Tree Hilton – Скопје, ќе реализираат теоретска обука за плацентарна и фетална ултразвучна доплер проценка во прв, втор и трет триместар од бременоста.

Ова е втора обука која ќе се реализира во рамките на меморандум за соработка потпишан во текот на минатата година помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Грција и Министерството за здравство на Република Северна Македонија, а истата ќе ја спроведат еминентниот Проф. Д-р Кипрос Николаидес, неговите делегирани едукатори Проф. Д-р Петја Чавеева и Проф. Д-р Темистоклис Дагклис, Проф. Д-р Ана Данева Маркова и Доц. Д-р Елена Џикова.

Обуката има за цел континуирана медицинска едукација на сите оние кои се активно вклучени во антенаталната нега и феталната медицина (специјалистите и специјализанти по гинекологија и акушерство) преку унапредување на стекнатите знаења и вештини кои имплементирани во клиничката пракса ќе помогнат да се воспостават високи стандарди и компетентност за ултразвучна проценка на плацентарната и феталната циркулација кај високоризичните, но и бременостите со низок ризик.

Теоретскиот дел низ предавање, приказ на случаи и опсежни дискусии ќе ја посочи улогата на ултразвучниот доплер во проценка на нарушената плацентарна перфузија – рано идентификување и соодветен менаџмент на нејзините компликации како прееклампсија, интраутериното ограничување на растот на плодот и перинаталната смрт; улогата на доплеровите ултразвучни наоди кај близначките бремености; и хемодинаските одговори на феталната анемија.

Настанот е акредитиран од Лекарската комора на РСМ и МЛД, а котизацијата изнесува 800 денари – https://kme.mld.mk/product/2023mafm2 и за специјализанти 150 денари на следниот линк https://kme.mld.mk/product/2023mafm-3/

РЕГИСТРАЦИЈА

Со почит,

Проф. Д-р Ана Данева Маркова, претседател на МАФМ
Проф. Д-р Глигор Тофоски, претседател на МАГО