Тркало на контрацепција

Spinning Image
Spinning Image






Како да го користите ова тркало
Тркалото ги спојува контрацептивните методи, прикажани на внатрешниот круг, со специфичните здравствени состојби прикажани на надворешниот круг. Броевите кои се прикажуваат во отворот покажуваат дали жената која ја има дадената позната состојба или карактеристика може да започне со употреба на контретниот контрацептивен метод:

Категорија

Со клиничка проценка:

Со ограничена клиничка проценка

1

Методот може да се користи под било кои околости

ДА
(користете го методот)

2

Методот главно може да се користи

3

Употребата на методот вообичаено не е
препорачлива, освен во специфични случаи
кога други посоодветни контрацептивни
методи не се достапни или прифатливи.

НЕ
(не го користите методот)

4

Методот да НЕ се користи

Категориите 1 и 4 се јасно дефинирани препораки. За категориите 2 или 3, би била потребна поопширна клиничка проценка, а употребата на специфичниот метод може да биде врзана и со внимателно медицинско следење. Доколку пациентката нема опција за специфична клиничка
проценка, категориите 1 и 2 значат дека методот може да се користи, додека пак категориите 3 и 4 значат дека методот не треба да се користи. За некои состојби, нема ограничувања: постојат многу здравствени состојби кога може да се користат СИТЕ методи (односно, сите методи се или во категорија 1 или во категорија 2). Некои од овие состојби се наведени на задната страна на тркало. Сите жени можат безбедно да користат итна контрацепција, бариерни и бихејвиорални методи на контрацепција, вклучувајќи ја и методата на лактациска аменореа (со неколку исклучоци); за комплетната листа на препораки, погледнете го целосно документот. Само правилна и доследна употреба на кондоми (машки или женски), овозможуваат заштита од СПИ/ХИВ. Доколку постои ризик од СПИ/ХИВ, се препорачува употреба на кондоми.

За ова тркало
Ова тркало ги содржи критериумите за медицинска подобност за започнување со употреба на контрацептивни методи.
Засновано е на Критериумите за медицинска подобност за употреба на контрацептивни методи, 5-то издание (2015), едно од упатствата на СЗО кои се засновани на докази. Ова тркало им посочува на давателите на услуги за семејно
планирање дали жената која има некоја позната здравствена состојба или физичка состојба е во можност безбедно и ефективно да користи различни контрацептивни методи.
Тркалото содржи препораки за започнување со употреба на девет вообичаени типови контрацептивни методи:

  1. Комбинирани таблети, COC ( ниска доза на комбинирани орални таблети, со ≤ 35 μg етинил естрадиол)
  2. Комбинирана контрацептивна лепенка, P
  3. Комбиниран контрацептивен вагинален прстен, CVR
  4. Комбинирани инјекции, CIC
  5. Гестагени таблети, POP
  6. Гестагени инјекции, DMPA (IM, SC)/NET-EN (депо медроксипрогестерон ацетат интрамускулно или субкутано
    или норетистерон енантан интрамускулно)
  7. Гестагени импланти, LNG/ETG (левоноргестрил или етоногестрил)
  8. Интраутерина влошка што ослободува левоноргестил, LNG-IUD
  9. Бакарна спирала, Cu-IUD

Антиретровирусни лекови и кратенки на тркалото

Нуклеозидни инхибитори на
реверзна транскриптаза (NRTIs)

Не-нуклеозидни инхибитори на
реверзна транскриптаза (NNRTIs)

Протеазни инхибитори (PIs)

ABC Abacavir (абакавир)

EFV Efavirenz (ефавиренз)

ATV/r Ritonavir-boosted atazanavir

TDF Tenofovir (тенофовир)

ETR Etravirine (етравирин)

LPV/r Ritonavir-boosted lopinavir

AZT Zidovudine (зидовудин)

NVP Nevirapine (невирапин)

DRV/r Ritonavir-boosted darunavir

3TC Lamivudine 

RPV Rilpivirine (рилпивирин)

RTV Ritonavir (ритонавир)

DDI Didanosine (диданозин)

FTC Emtricitabine (емтрицитабин)

D4T Stavudine (ставудин)

Интеграза инхибитори

RAL Raltegravir (ралтегравир)

Таблети за итна контрацепција

Здравствена состојба:

COC 

LNG

UPA

Бременост

NA

NA

NA

Доење

1

1

2

Ектопична бременост во минатото

1

1

1

Обезност(b) (BMI ≥ 30kg/m2)

1

1

1

Анамнеза за тешки кардиоваскуларни
болести (исхемична срцева болест,
цереброваскуларни болести или
други тромбоемболиски состојби)

2

2

2

Мигрена

2

2

2

Тешки болести на црниот дроб

2

2

2

CYP3A4 inducers©(Како:
рифампицин, фенитоин,
фенобарбитол, карбамазепин,
ефавиренз, фосфенитоин,
невирапин, окскарбазепин,
пиримидон, рифабутин,
кантарион

1

1

1

Повторна употреба на таблети
за итна контрацепција

1

1

1

Силување

1

1

1

a. Не се препорачува доење една недела по земањето на UPA бидејќи се излачува во мајчиното млеко.
b. ECPs може да биде помалку ефикасен кај жени со БМИ ≥ 30 kg/m2 отколку кај жени со BMI < 25 kg/m2.
И покрај ова, не треба да не загрижува безбедноста.

c. Силните индуктори на CYP3A4 може да ја намалат ефикасноста на таблетите за итна контрацепција.
d. Повторената употреба на ECP е показател дека жената има потреба од дополнително советување за други методи за контрацепција. Често повторената употреба на ECP може да биде штетна за жени со здравствени состојби класифицирани како 2, 3 или 4 за контрацептиви кои содржат хормони.

Бакарна спирала (интраутерина влошка) како метод за итна контрацепција

Овој метод е многу ефикасен за спречување на бременост. Може да се користи во рок од 5 дена по незаштитениот сексуален однос како итна контрацепција. Меѓутоа, кога може да се процени времето на овулацијата, бакарната спирала може да се стави и по повеќе од 5 дена по незаштитениот сексуалниот однос, доколку е потребно, само доколку вметнувањето на интраутерината влошка не се изведе и по повеќе од 5 дена по овулацијата.
Критериуми за подобност за вметнување на бакарната спирала (Cu-IUD) како метода за итна контрацепција.

Здравствена состојба:

Cu-IUD

Бременост

4

Силување

а) Висок ризик од СПИ

3

б) Низок ризик од СПИ

1

Кратенки:
NA = не е применливо; COC = комбинирани орални контрацептиви;
Cu-IUD = бакарна интраутерина спирала;
ECP = таблети за итна контрацепција;
LNG = левоноргестрил; UPA = улипристал ацетат

Благодарност
Критериумите за медицинска подобност за употреба на контрацепција и оваа верзија на Тркалото на критериуми за медицинска подобност ги изработи

Одделот за репродуктивно здравје и истражување при Светската здравствена организација. Ова тркалото се заснова на слични
тркала на критериуми за медицинска подобност независно изработени во Гана и Јордан. Конкретно, би сакале да се заблагодариме на одговорните
групи за нивната иновативна работа: Одделот за гинекологија и акушерство при Медицинскиот факултет на Универзитетот на Гана; Јорданското
партнерството за комуникација за семејно здравје; и Школата за јавно здравје “Џонс Хопкинс Блумберг”/Центар за комуникациски програми
Д-р Ана Алтшулер беше одговорна за ова издание од 2015 година, во соработка со д-р Ерин Бери-Биби, д-р Кетрин Кертис,
д-р Моника Драгоман, Д-р Мери Лин Гафилд, д-р Тара Јатлауи и г-ѓа Хали Рајли.
Распоред и дизајн: г-ѓа Кет Хамил

Импресум за Тркало на контрацепција
Издавач Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари,
Ул. Даме Груев 3 блок 3, Скопје, Главен и одговорен уредник
Проф. д-р Глигор Тофоски, Наслов на оргиналот Medical Eligibility Criteria
Wheel for Contraceptive use 2015 UPDATE, Превод од англиски на
македонски јазик Доц. д-р Миле Тантуровски, Графички дизајн Благој Арсов, Програмски координатор Костадинка Ѓуровска
Оперативен координатор Јасмина А. Чашуле,
Контакт адреса Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари
Ул. Даме Груев 3 блок 3, Скопје
contact@agom.org.mk
www.agom.org.mk
Тираж 500 примероци, Печатница Промедиа
Место и година на издавање
Скопје 2024 година

Categories: Uncategorized