„Поврзаност на ендометриозата со карциноми на гениталните органи кај жената“

Почитувани членови на Македонска Асоцијација на Гинеколози и Опстетричари и Македонско Здружение за Ендометриоза и Максмедика,

Ве покануваме за учество на 5-тиот состанок на Здружението кој се одржува во соработка со МАГО, со неколку стручно-едукативни предавања на тема:

Поврзаност на ендометриозата со карциноми на гениталните органи кај жената

Состанокот ќе се одржи во амфитеатарот на Европски универзитет Скопје (Бул. “Климент Охридски” 68, 1000 Скопје) на ден 26.04.2023 година со почеток во 15 часот.

Истиот е акридетиран од МЛД и ЛК.

Котизација за учество на состанокот изнесува 300,00 денари.

ДНЕВЕН РЕД:
15 -15:10 Воведен збор од претседателот на МАГО – Проф. Д-р Глигор Тофоски и
известување од претседателот на МЗЕ – Проф. Д-р Јадранка Георгиевска
15:10-15:25 Асоцијација на ендометриозата со карцином на дојка – Доц. Д-р Виолета
Клисаровска, ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија – Скопје
15:25-15:40 Поврзаност на ендометриозата со карциноми на генитални органи кај женатаДоц. Д-р Драги Дабески, ЈЗУ Универзитетска клиника з агинекологија и акушерство во
Скопје
15:40-15:50 Дали е ендометриозата наследна: Презентација на случај и дискусија на
податоците во литературата – Прим. Д-р Искра Дукова, ЈЗУ Универзитетска клиника за
гинекологија и акушерство Скопје
15:50-16:00 Антиоксиданси и симптоматска терапија на ендометриоза и дизменореја –
Мр. Фармацевт Ивана Берјан, Белград, Р Србија

РЕГИСТРАЦИЈАЗадолжително најавете се со вашиот профил на КМЕ!

Доколку имате технички проблеми со онлајн уплатата можете истата да ја направите со уплатница на жиро сметка 300000000211884, Комерцијална Банка
За предавање за Ендометриоза на 26.04.2023, со задолжително назнака на вашето име и презиме.