Обука „Скрининг на фетални неправилности во прв и втор триместар“

9 Март 2023

Почитувани колеги,

Благодариме за огромниот интерес за учество на обуката за скрининг на фетални неправилности во прв и втор триместар од бременоста, која е организирана од Фондацијата за фетална медицина (Fetal Medicine Foundation) предводена од еминентниот професор д-р Кипрос Николаидес, каде за неполни 3 дена веќе има пријавени над 240 учесници.

Теоретскиот дел од курсот ќе се одржи на ден 11-ти март во амфитеатарот на Медицински факултет, Скопје, а целта на оваа обука е секој учесник да биде соодветно обучен да го препознае и процени ризикот од фетални неправилности, да ги препознае и потврди феталните неправилности, да даде детални информации за веројатните исходи, да препорача и примени соодветни терапевтски процедури (неопходни, in utero терапија), да ги процени и намали веројатните компликации од продолжување на бременоста и при породувањето и да овозможи планирање на породувањето во оптимално време со потребните услови за оптимална неонатална нега.

Оваа обука е во рамки на потпишаниот меморандум договаран изминатата година (остварен со огромно залагање од Проф.д-р Ана Данева Маркова) за соработка помеѓу Министерството за надворешни работи на Република Грција и Министерството за здравство на Република Северна Македонија кој ќе придонесе за континуирана медикицинска едукација во областа на гинекологијата и акушерство-перинатологија во нашата земја. Македонската асоцијација за фетална медицина (МАФМ) и Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје се организатори на настанот кој е поддржан и од Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО) и Македонското Лекарско друштво (МЛД).

Обуката ќе биде пренесена и онлајн, а за да се пријавите дали сакате да ја следите оналјн или со физичко присуство потполнете ја регистрацијата на линкот подолу.

Со оглед на тоа дека е бројката преголема за да биде опфатена со еден настан, согласно меѓудржавниот договор, првично ќе бидат опфатени во најголем дел лекарите од јавното здравство, а заради огромниот интерес во преговори сме да има и втора обука, која би се одржала како пост-конгресен курс во рамки на Конгресот на гинеколози и акушери во Охрид на ден 14 мај 2023 (недела).

АГЕНДА

Сабота, 11 март 2023, Деканат на Медицински факултет

09:00 – Отворање на обуката

09:10 – Скрининг за хромозомски абнормалности. Марија Јанкова

09:30 – Фетални дефекти – прв триместар. Виолета Стратиева

10:00 – Фетални дефекти – втор триместар. Петја Чавеева

11:00 – Кафе пауза

11:30 – Плацентарна и фетална доплер проценка. Виолета Стратиева

11:50 – Предвидување и превенција на предвремено породување.Марија Јанкова

12:10 – Предвидување и превенција на прееклампсија. Професор Николаидис

12:30 – Дијагноза и третман кај близнаци. Петја Чавеева

13:30 – Ручек