Книга на апстракти – Конгрес МАГО 2023 / Book of Abstracts – Congress MAGO 2023
https://agom.org.mk/wp-content/uploads/2023/06/ABSTRACT-Book-_MAGO-2023.pdf
Почитувани колеги,
Со огромно задоволство сакам да Ве известам дека официјално е отпочнато пријавувањето на учесници и апстракти за нашиот Петти конгрес на гинеколози и акушери со меѓународно учество кој ќе се одржи од 11-14 мај 2023 година во Охрид, во прекрасниот Хотел Инекс Олгица.
Сите детали околу регистрацијата, агендата, сместување и начините на пријавување на апстракти може да ги најдете на веб страницата на конгресот https://congress2023.agom.org.mk/ каде ве замолуваме да ги пополните формуларите за регистрација, по што ќе добиете потврда дека сте регистрирани.
На следниот линк е официјалната програма за конгресот https://congress2023.agom.org.mk/congress-program/
Во однос на пријавувањето на апстракти, крајниот рок за пријавување е 15 април и треба да се соодветно пополнети во формуларот за пријавување на апстракти согласно дадени пропозиции. Откако ќе го поднесете апстрактот ќе добиете e-mail поракам и во рок од 24ч. ќе може да го погледнете пријавениот апстракт и доколку имате потреба да направите корекција.
Апстрактите ќе бидат групирани по следните теми:
- Перинатологија
- Гинеколошка онкологија
- Урогинекологија и пелвична статика
- Инфертилитет и ендокринологија
- Минимално инвазивна хирургија во гинекологијата
- Општа и ургентна гинекологија
- Разно
Согласно бројот и темата на пријавените апстракти истите ќе бидат распределени по соодветната област. Апстрактите кои ќе ги опфаќаат најновите сознанија,се иновативни и опишуваат новоприменети методи во Македонија ќе бидат избрани за орална презентација и нивните автори навреме ќе бидат известени за да подготват соодветна презентација.
Пред конгресот ќе се одржи и Регионален симпозиум за превенција на цервикалниот карцином и колпоскопија кој ќе биде во организација на ESGO (Европско здружение за гинеколошка онкологија).
Се очекува присуство на врвни експерти од областа на гинеколошката онкологија и перинатологија од земјава и од странство, но секако е исклучително важно и взаемното споделување на искуствата и случаите со кои се среќаваме ние во секојдневната пракса.
Конгресот во Охрид е прва можност после долги години на едно место да се сретнат што поголем број на гинеколози и други специјалности поврзани со гинекологијата, што беше оневозможено заради пандемијата со Ковид 19. Во исто време, сем научната работа, постои можност и за заедничко дружење во нашиот преубав Охрид за што ќе се погрижиме и во социјалниот дел каде се планирани неколку интересни забави.
Охрид е лулката на Македонија и претставува бисер на Балканот кој што сите го сакаат, а само ние имаме можност постојано да си го уживаме.
Се надевам дека сите ќе ја искористиме можноста да уживаме во неговите убавини во прекрасниот сончев и убав месец, мај.
Ве очекуваме,
Проф. д-р Глигор Тофоски